Роршах работилници, Мај 2017

Здружението за едукација и развој Психоинтегра Скопје, за сите дипломирани психолози и студенти на психологија во завршна година на студии, организира серија работилници за примена на Роршах проективна психодијагностичка техника.

Групата која ќе започне со работилниците во месец мај, ќе биде четвртата формирана група од основањето на здружението.

Предавач: Олга Мицева, специјалист по медицинска психологија со комплетно завршена теоретска и практична Роршах едукација кај д-р Чмелиќ. Олга Мицева има 30 годишен работен стаж во специјализирани психијатриски институции: „Психијатриска Болница Скопје“ – Скопје; Клиника за психијатрија и други приватни институции.

Програмата е поделена во 4 работилници, прилагодена кон потребите на учесниците во насока кон подобро совладување на материјалот. Програмата вклучува запознавање со проективната техника и користење на истата со квалитативна интерпретација. Задавање на десетте карти и анализа со цел дијагностички и диференцијално дијагностички заклучок. Интерпретација на десетте карти со толкувања и заклучоци.

 

Пријавување на e-mail: psihointegra@psihointegra.org

Контакт тел: 077 909 732

Цената за сите работилници изнесува 4.800 денари со можност за плаќање на две рати. Бројот на места е ограничен.

*На секој учесник му следува Роршах прирачник на македонски јазик и сертификат за поминати Роршах работилници.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *