10 истражувања за љубовта и партнерството кои секој треба да ги знае

„Љубовта не се состои од гледање еден во друг, туку од гледање заедно во иста насока“ – Antoine de Saint-Exupéry

Од моментот на привлекување па сè до стареењето заедно, следат десет истражувања кои секој партнер/ка треба да ги знае.

10 истражувања за љубовта и партнерството кои секој треба да ги знае

1. За да се заљубите потребна е една петтина од секундата

Потребна е една петтина од секундата за еуфоријата – поттикнување на хемиски процеси во мозокот кога гледаме во некоја личност која за нас е посебна. Студиите кои вклучуваат скенирање на мозокот, укажуваат дека во состојба на заљубеност активни се 12 области во мозокот.

Кога ја гледаме или размислуваме за личноста во која сме вљубени, се ослободуваат бројни невротрансмитери во мозокот вклучувајќи окситоцин, допамин, вазопресин и адреналин. Авторите на истражувањето заклучуваат:

„Заедно, овие резултати покажуваат дека љубовта е повеќе од основна емоција. Љубовта исто така е комплексна функција која вклучува мислење, мотивација насочена кон цел, награда, слика за себе и телесна слика… “

2. Активност на мозокот во состојба на вљубеност и при сексуална желба

Првата студија посветена на невронските разликите меѓу љубовта и сексуалната желба дојде до значајни поклопувања и разлики.

Резултатите покажале дека биле активирани зачудувачко слични мозочни мрежи од чувството на љубов и од сексуалната желба. Областите во мозокот кои биле активирани биле оние кои вклучувале информации за емоции, мотивација и повисоки нивоа на мислење. Овие истражувања покажуваат дека сексуалната желба е повеќе од само базичен инстинкт, бидејќи вклучува мотивација насочена кон цел и обработување на повисоки нивоа на мислење.

10 истражувања за љубовта и партнерството кои секој треба да ги знае

 3. Бакнежот помага при изборот на партнер/ка

Две нови студии откриваат дека, освен што бакнувањето е возбудливо, тоа и ни помага да избереме партнер/ка и да го/ја задржиме. Истражувачите откриле поврзаност помеѓу количината на бакнежи во долготрајните врски и квалитетот на врската. Оваа поврзаност не била пронајдена и помеѓу сексот и степенот на задоволството од врската.

10 истражувања за љубовта и партнерството кои секој треба да ги знае

4. Партнерите стануваат слични еден на друг по 25 години заедно

Едно истражување откри дека по 25 години брак, цртите на лицето на партнерите стануваат послични (заклчучено од независни набљудувачи). Ова може да биде резултата на сличностите во средината, личноста или дири резултат на сочувствување со партнерот низ годините.

5. Врската на далечина може да функционира

Спротивно на некои од раширените верувања, врската на далечина може да функционира, според резултатите на новите истражувања.

Постојат два фактори кои се битни во одржувањето на врската на далечина:

  • Споделувањето повеќе интимни информации.
  • Идеализирање на партнерот/ката.

 

10 истражувања за љубовта и партнерството кои секој треба да ги знае

 6. Четири работи кои ја убиваат врската

Професорот John Gottman четиресет години ги анализирал врските, квлитетни и неквалитетни. Низ многу психолошки истражувања тој следел парови за да утврди кои видови однесување предвидуваат дали паровите ќе останат заедно или не.

Според овие анализи, постојат четири фактори кои најчесто ги убиваат врските:

  • Повторувачки критицизам
  • Чести изрази на презир и сарказам
  • Одбранбеност и
  • Непопусливост

7. Модерните бракови бараат самоисполнување

Новите истражувања велат дека сликата за бракот се менува низ годините. Во минатиот период, бракот повеќе се гледал низ призма на заштита и сигурност, додека сега луѓето повеќе бараат психолошка исполнетост во брачниот живот.

Сега повеќе од кога било луѓет очекуваат од бракот да биде пат кон самоисполнување и самоактуелизација.

Сепак, за жал, овие истражувања велат дека партнерите не вложуваат доволно време и енергија за да ги постигнат овие цели.

10 истражувања за љубовта и партнерството кои секој треба да ги знае

 8. Едноставни вежби кои помагаат „да се спаси“ бракот

Една нова три годишна студија открива дека разводите биле повеќе од половина намалени кај партнерите кои гледале филмови за врски и потоа дискутирале за нив.

Авторот на студијата, Ronald Roge, вели:

„Резултатите велат дека сопружниците имаат прилично добро чувство за тоа што го прават, добро или лошо, во нивната врска. Затоа можеби не е потребно да ги учите на многу вештини за да се намали стапката на развод.

Можете само да ги натерате да размислат за своето моментално однесување. И само преку пет филмови корисни во текот на три години – неверојатно е.“

 9. Врска после разводот

Дури и по разводот не е неопходно да заврши врската, особено ако имате деца.

Една студија за родителството по разводот открива дека може да се оди во една од пет насоки, од кои првите три се сметат за релативно функционални:

  1. Разделена двојка, каде (вообичаено) таткото исчезнува.
  2. Добри пријатели, каде родителите продолжуваат да бидат пријатели.
  3. Кооперативни колеги, каде паровите продолжуваат понатаму, но остануваат на заедничка добра основа.
  4. Лути соработници, каде борбата продолжува по разводот.
  5. Огнени непријатели, децата стануваат пиони во борбата и вообичаено страдаат поради тоа.

10 истражувања за љубовта и партнерството кои секој треба да ги знае

 10. Важноста на малите работи

Конечно, значајно е да се запомни дека малите нешта прават голема разлика.

Една неоадмнешна студија (каде се испитани повеќе од 4000 возрасни луѓе) открива дека едноставните љубезни постапки се тие кои најмногу се ценат. Носење шолја чај во кревет, носењето на отпадоците надвор, или кажувањето дека изгледа добро гол/а, можат да допринесат многу повеќе отколку кутија чоколади или букет цвеќе (иако и тоа не е на погрешно).



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *