10 изговори кои ве спречуваат да си ги остварите соништата

Вашите зборови имаат поголема моќ отколку што можете да замислите. Тие се дел од вашето внатрешно, но и надворешно искуство. Токму затоа доколку ги промените, со тоа ќе можете да го промените и вашиот живот. Погледнете ги наредниве 10 начини на кои можеби ги уништувате вашите соништа…

10 изговори кои ве спречуваат да си ги остварите соништата

1. Премногу сум исплашен/а

Во ред е, сите би требало да се плашат. Без разлика дали станува збор за големи или мали промени, потрагата по начинот да ги остварите вашите соништа секогаш подразбира излегување од вашата удобна зона. Тоа е природно и нормално е да се плашите. Но, наместо да гледате на стравот како на препрека, обидете се да го користите како компас кој ќе ве насочува кон правиот пат. Токму затоа променете ги овие зборови во „Јас сум возбуден/а“.

2. Немам доволно…

Пари. Време. Искуство. Знаење. Сертификати. Кој ви го вели тоа? Вие сте единствената личност која може да дозволи овие мисли да ве спречат. Наместо да се фокусирате на она што го немате, погледнете ги оние работи кои во моментов можете да ги искористите и најдете начин како да ги вклучите во постигнувањето на својата цел. Токму затоа променете ги овие зборови во: „Имам и повеќе од доволно“.

3. Тоа сум јас и не можам да се променам

Ако се доживувате себеси како личност која не може да се промени, многу брзо ќе ја изгубите надежта и ќе гледате на вашето патување како на нешто невозможно. Не заборавајте, вие секогаш можете да растете и да се развивате, па наместо да се сметате себеси за неспособни, барајте начин на кој можете да се промените на подобро. Токму затоа променете ги овие зборови во „Јас постојано станувам подобра верзија од себе“.

4. Премногу е тешко

Следењето на вашето срце е тешка работа. Токму затоа секогаш кога се чувствувате како да ви е тешко, направете еден чекор наназад и потсетете сè зошто го правите ова. Која е вашата цел? Наместо да се фокусирате на тоа што треба да го правите, фокусирајте се на она што ќе имате шанса да го направите. Вие ги следите вашите соништа! Уживајте во процесот. Токму затоа променете ги овие зборови во „Оваа активност е забавна и ме инспирира да продолжам понатаму“.

5. Влијаам врз луѓето околу мене

Многу е лесно да ве одвлечат размислувањата за начинот на кој влијаеме врз луѓето кои ги сакаме. Дали тие ќе бидат љубоморни? Дали сте вие себични? Дали не им обрнувате доволно внимание? Наместо да се фокусирате на начинот на кој влијаете врз другите луѓе, сконцентрирајте се на тоа како можете да ги инспирирате, да им ја пренесете вашата радост како и на фактот дека можете да им се предадете целосно кога сте навистина среќни. Токму затоа променете ги овие зборови во „Мојата среќа е подарок за сите околу мене“.

6. Јас не сум како нив

Ех, тој „колку сум сличен/слична на…“ синдром. Ние често веруваме дека не сме направени од истиот материјал како другите личности кои ги остваруваат своите соништа. Ние веруваме дека не сме како нив, дека не го заслужуваме тоа што го посакуваме или дека не сме способни да го постигнеме. Наместо да тонете во овие негативни мисли и постојано да се споредувате со другите, пробајте да гледате на нивната упорност како инспирација за вашата. Токму затоа променете ги овие зборови во „Јас сум способен/способна“.

7. Не сум подготвен/а

Оваа форма на перфекционизам ќе ве спречи во остварувањето на вашите соништа. Почетокот е оној кој ве прави подготвени. И покрај тоа што ова се спротиставува на вашата интуиција, преку вашите активности ќе можете да најдете добросостојба со чија помош ќе го откриете следниот чекор во вашата потрага. Никогаш не сопирајте ако не се чувствувате подготвено и запомнете дека нема да се почувствувате подготвено сè додека не започнете. Токму затоа променете ги овие зборови во „Ако не сега, тогаш кога?“

8. Никој претходно не го направил ова

Наместо да барате причини за невозможност, најдете инспирација во тоа да останете достојни во остварувањето на вашите соништа. Токму затоа променете ги овие зборови во „Јас можам да постигнам сè што ќе намислам“.

9. Пробав и не успеав

Доколку никогаш не сте биле неуспешни, тогаш сте едни од најретките личности на планетава. Неуспехот ви укажува на работите кои треба да ги промените во вашиот пристап и ви помага да се доближите до она што навистина го сакате. Не дозволувајте препреките да ве демотивираат и обидете се да најдете нови начини на кои би можеле да ја постигнете вашата цел. Токму затоа променете ги овие зборови во „Јас сум преполн/а со искуство и знаење“.

10. Не сакам луѓето да го променат мислењето за мене

Зошто? Оние кои навистина ве сакаат ќе продолжат да ве сакаат без разлика на вашите соништа. Наместо да се фокусирате на тоа како другите ве перципираат, фокусирајте се во следењето на вашето срце и во живеењето на начинот на кој навистина сакате да живеете. Доколку повеќе се цените себеси, помалку ќе се грижите за мислењето на другите. Токму затоа променете ги овие зборови во „Едвај чекам да се покажам во моето вистинско светло“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.