10 митови за депресијата во кои мораме да престанеме да веруваме

На глобално ниво самоубиството го зазема централното место и сега повеќе од било кога го согледуваме влијанието од депресијата која не била дијагностицирана, лекувана или едноставно била пропуштена. Приближно во две од три самоубиства, луѓето страдале од депресија.

Борејќи се со стигмата која го окружува потеклото на депресијата, се бориме за луѓето кои на различни начини страдаат од неа, и имаат потреба да се сруши митот и стереотипите кои се погрешно формирани. Многу од нас имаат пријатели, членови на семејството, колеги кои се борат со депресијата. Колку порано ја разбереме вистината која стои зад депресијата, побрзо ќе најдеме начин да им помогнеме на оние кои имаат потреба од нас.

Во нашето окружување стана модерно да слушаме коментари од луѓе кои не знаат да ја препознаат депресијата, ја мешаат со тагата па велат дека сабајлето се разбудиле со депресија. Ова се 10-тте митови за депресијата кои нè спречуваат да ја разбереме, и да ги препознаеме луѓето кои навистина патат од неа и имаат потреба од помош.

10 митови за депресијата на кои мораме да престанеме да им веруваме

Депресијата и тагата се едно исто.

Тагата е брза и  привремена. Предизвикана е од вознемирувачко искуство и моќни спомени, но таа доаѓа и си оди – не е константна. Депресијата од друга страна е хронична состојба. Длабоката тага кај луѓето со депресија не избледува сама по себе и тагата е далеку од единствена негативна емоција која тие ја чувствуваат. Луѓето со депресија може да се чувствуваат празно, апатично, анксиозно и напнато на начини кои нивното секојдневно живеење го прави неверојатно мачно и напорно.

Таа е знак на ментална слабост.

Оваа стигма е една од главните причини зошто толку многу луѓе избираат да страдаат во тишина отколку да ја бараат помошта која им е потребна. Како и да е, никој не ја избира депресијата. Таа е комплексно ментално нарушување кое влијае на личноста биолошки, психолошки и социјално, и не дискриминира. Постои огромна издржливост во личноста која се чувствува изморено од оваа состојба, но прави напор да го надмине тоа.

Секогаш е предизвикана од трауматски настан.

Додека одредени околности може да предизвикаат депресивни епизоди, настанот сам по себе не мора да е единствената причина за депресија кај личноста. Губење на блиска личност, развод и други вознемирувачки искуства ќе ја направат личноста тажна, потиштена, осамена и празна, најверојатно за подолг период. Како и да е, на оние кои се депресивни, симптомите им траат подолго од две недели и најчесто се повторуваат.

Таа не е реална болест.

Според Mayo Clinic, луѓето со депресија всушност имаат разлики во нивниот мозок, дебаланс на хормоните и невротранмитерите во споредба со луѓето кои не се депресивни, што ја потврдува нивната сериозна состојба. Депресијата, како и повеќето заболувања, влијаат на личноста и нејзиното расположение, мисли па сè до нејзината психичка егзистенција.

Тоа е сè во твојата глава.

Многу луѓе со депресија си препишуваат болести насекаде по телото. Според National Institute of Mental Health, депресијата може да се манифестира како замор, несоница, промени во апетитот, хронични мускулни болки и болки во градите. Со промовирање на идејата дека депресијата е исклучиво ментална, се игнорираат овие физички знаци како многу посериозен проблем.

10 митови за депресијата на кои мораме да престанеме да им веруваме

Вистинските мажи не се депресивни.

Само затоа што жените се два пати посклони кон развивање депресија, тоа не значи дека мажите треба да страдаат во тишина. Како факт се посочува дека кај средовечните мажи се зголемува бројот на самоубиства секоја година, а повеќето од нив може да бидат поврзани со депресијата. Мажите, често поразлично ја изразуваат депресијата од жените, што ја прави потешка за забележување. Плашејќи се дека може да изгледаат слаби и нестабилни, мажите се чувствуваат помалку способни да зборуваат за депресијата, а со тоа и не ја добиваат помошта која им е потребна. Ова ја прави депресијата поопасна за мажите бидејќи тие го одбегнуваат лечењето, дел од нив ја комплицираат состојбата конзумирајќи алкохол и други субстанци и се поуспешни во обидите за самоубиство.

Ако ја имаат твоите родители, ќе ја имаш и ти.

Иако генетската предиспозиција за депресија може да ги зголеми шансите личноста да ја развие состојбата, ризикот е релативно мал – 10% до 15%. Постарите истражувања сугестираат дека депресијата е повеќе наследна, но новите студии го доведуваат до прашање истото тврдење.

Антидепресивите се сè што ти е потребно за да се чувствуваш подобро.

Бидејќи депресијата се манифестира различно кај секој човек, таа не е заболување кое дозволува личноста едноставно да испие едно апче и утредента да се чувствува подобро. Антидепресивите се вообичаено лечење препишано од доктор, но тие не се единствената опција: Многу луѓе кои страдаат од депресија се одлучуваат за психотерапија или комбинација на методи. Всушност, многу психијатри и психолози сметаат дека користејќи комбинација од медикаменти и психотерапија е најефективен начин за да се помогне на некој кој страда од депресија. Тие кои се одлучуваат за медикаменти вообичаено нема да го почувствуваат бенефитот барем шест недели, се додека телото не се прилагоди на терапијата. Многу луѓе исто така мораат да пробаат неколку различни методи пред да го најдат тоа што намногу им одговара на нив.

Ќе ти требаат медикаменти до крајот на твојот живот.

Терапијата е целосно прилагодена според симптомите на секоја личност. Некои форми на психотерапија можат да понудат ефективен третман (психодинамска терапија, когнитивно бихејвиорална, семејна, групна терапија…). Околу 40% од луѓето кои се справуваат со депресија овие терапии им делуваат подобро од медикаментите.

10 митови за депресијата на кои мораме да престанеме да им веруваме

Зборувањето за тоа само може да ја влоши состојбата.

Проблемот со депресијата не можеме да го тргнеме на страна или да очекуваме дека ќе се излечи сам по себе. Напуштајќи ја стигмата поврзана со депресијата и отвореноста кон оние кои се загрижени за своето здравје или здравјето на нивните сакани, ние сме во можност да започнеме разговор кој ќе се одвива на проактивен, корисен начин, а не деструктивен со негативни чувства. Повеќето луѓе ќе се изразат како се чувствуваат и ќе побараат помош, пред нивните чувства да станат тешки, па дури и фатални.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.