10 начини на кои можете да завршите повеќе работи, почнувајќи од денес

Во животот се среќаваме со многу предизвици и со многу различни работи кои што сакаме да ги завршиме одеднаш. Но, најважното од сè е тоа што не гледаме како ги завршуваме задачите, туку сме целосно фокусирани на тоа да завршиме колку што е можно повеќе, без да видиме колку квалитетно ги завршуваме истите.

10 начини на кои можете да завршите повеќе работи, почнувајќи од денес

Сакате да бидете попродуктивни? Обидете се да го сторите тоа на наредниве 10 начини…

 

1.Ставете ги вашите приоритетни цели пред другите задачи

Продуктивните луѓе секогаш гледаат да направат некој прогрес на нивните приоритетни цели, многу повеќе отколку да дозволат нивниот фокус и желба за работа да биде исцрпена од административни работи, прекини или состаноци.

 

2. Употребете веќе проверени формули и системи за да го избегнето повторното измислување на процесот

Кога продуктивните луѓе треба да направат некоја задача повторно, тие создаваат формули и системи наместо да прават нови планови секој пат од почеток. Големата предност на системот е што кога веќе еднаш ќе го имате, потоа е многу полесно да видите како да го подобрите. Системите исто така ги намалуваат прекините што можат да настанат во повеќе ситуации. На пример, кога некој ќе даде отказ, системот веднаш полесно ја пренасочува работата на некој друг. Формулата може да биде едноставна како на пример „главен“ лист за пазарување, отколку секој пат кога ќе одите во продавница да пишувате одново секој месец што ви треба.

 

3. Фокусирајте се на една задача наместо да скокате од една на друга

Продуктивните луѓе не почнуваат 10 различни проекти од кои 10 им остануваат недовршени. Продуктивните луѓе не скокаат од еден незавршен проект на друг. Тие ги завршуваат проектите еден по еден и во рокот во кој си рекле дека ќе го сторат тоа.

 

4. Посветете се повеќе на нешто што функционира

Кога продуктивните луѓе ќе најдат нешто што функционира, тие се обидуваат да ги максимизираат неговите придобивки. Тие може да пробаат неколку работи што не функционираат. Но, кога ќе најдат нешто што функционира, тие се обидуваат да го искористат целиот негов бенефит и да видат до кај може да одат со тоа.

 

5. Употребете го вашето знаење и вештини повеќе пати

На пример, продуктивен академик кој има познавање во една област нема да напише само една статија во некое списание на таа тема, туку ќе напише многу повеќе статии. Тие горе-доле ќе бидат исти, но секое од нив ќе има различен пресврт. Наоѓајќи начини да го повторите тоа што веќе сте го направиле (нешто што ги користи вашите стекнати вештини и сила), но со различен резултат е повеќе продуктивно отколку секогаш да пробувате нешто сосема ново.

 

6. Имајте систем кој ви ги зачувува вашите работи

Продуктивните луѓе имаат систем кој им ги зачувува нивните моментални обврски, но и постигнувањата. Ова вклучува систем кој им ги зачувува нивните идеи со цел да не ги заборават.

10 начини на кои можете да завршите повеќе работи, почнувајќи од денес

7. Барајте

Кога ќе забележат нешто ветувачко, продуктивните луѓе го бараат тоа. Тие не дозволуваат да започнат разговор, за на крајот истиот да заврши без некоја цел. Ако се решат да бараат нешто, тие тоа ќе го направат до крај.

 

8. Одложувајте на начин кој ќе ве направи попродуктивни

Некои видови на одложувања (како преценување) води до се понамалени кругови на летаргија. Други видови може да ја зголемат продуктивноста бидејќи:

  • Зголемени емоции и чуство на релаксација (гледајќи некое смешно видео на YouTube)
  • Искри од идеи (на пример, преку читање блогови)
  • Зацврстувајќи ги врските (како на пример, праќање на мејл на некој колега со кој не сте се слушнале одамна, поради тоа што сте работеле)

 

9. Размислувајте на награди наместо на ризици

Продуктивните луѓе се повеќе размислуваат на наградите што ќе ги добијат од некоја завршена работа отколку на ризикот од истата.

 

10. Не ги земајте работите при срце

Продуктивните луѓе не ги персонализираат работите што ќе тргнат погрешно. Тие може да се грижат да бидат сакани и прифатени, но не поминуваат часови размислувајќи на тоа.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.