10 психолошки предности од учењето на втор јазик

Учењето на друг јазик може да го развие мозокот, да ја спречи деменцијата, да ја зголеми меморијата, да го подобри влијанието и многу повеќе.

10 психолошки предности од учењето на друг јазик

„Да знаете друг јазик, е како да имате втора душа.“ – Charlemagne

Луѓето често веруваат дека учењето повеќе јазици од еден создава збунетост во мозокот. Уште поинтересно, се мислело дека е подобро да знаете еден јазик одлично, отколку да се мачите со два. И уште едно повеќе екстремно, па дури и апсурдно размислување, е дека учењето на јазици предизвикува шизофренија и поделба на личноста.

Некои студии покажуваат дека учењето на два јазика може да биде проблематично; раните истражувачи откриле дека двојазичните луѓе имаат тенденција да имаат помал вокабулар и намален пристап до зборовите.

Но, овие митови и помали недостатоци биле отфрлени како неточни од страна на нови истражувања кои покажуваат покачување во психолошките придобивки од учење на друг јазик. И овие придобивки одат многу подалеку од нарачување на едно обично кафе во странство или од прашувањето на локацијата на некој хотел.

1. Можност да се развие мозокот

Јазичните центри во мозокот навистина растат како резултат од учењето на нов јазик. Колку повеќе учите, толку повеќе тие области од вашиот мозок растат.

2. Се одбегнува деменција

Двојазичноста ја одложува Алцхајмеровата болест кај луѓето кои што се склони на неа дури до пет години. Звучи неверојатно, но студиите го подржуваат ова тврдење. Да го ставиме ова во контекст: ефектот од учење на друг јазик е многу поголем отколку било каков лек во врска со таа болест.

3. Подобрување во слушањето

Да се биде двојазичен значи дека ќе имате зголемени способности во слушањето, затоа што мозокот ќе мора да се потруди да разликува различни видови на звуци од два или повеќе јазици.

4. Станувате повеќе сензитивен во врска со јазиците

Децата во рана возраст кои што растат во семејства кои се двојазични можат да препознаат јазици кои дури и никогаш не ги слушнале порано. Само да бидат изложени на различен звук, на пример шпански јазик, може да им помогне да ја препознаат разликата помеѓу англискиот и францускиот.

5. Можност да ви се зголеми вашата меморија

Децата родени во двојазични семејства имаат висока работна меморија, повеќе отколку децата кои што се родени во еднојазично семејство. Ова значи дека тие се подобри во математички пресметки, читање и многу други важни способности.

6. Подобар мултитаскинг

Двојазичните луѓе можат да се префрлат од една задача на друга многу побргу. Тие покажуваат зголемена свесност и можат многу полесно да се адаптираат на некоја ненајдена околност.

10 психолошки предности од учењето на друг јазик

7. Зголемено внимание

Двојазичните луѓе имаат подобра контрола над нивното внимание и многу полесно можат да ги ограничат оние нешта кои на други луѓе би им го одземале вниманието.

8. Да го дуплираат одговорот

Свесниот засилувач, како подобреното внимание и подобрениот мултитаскинг, може да настане затоа што двојазичните луѓе ги имаат активирано двата јазика во исто време. Со тоа што, тие мораат континуирано да вршат надледување кој јазик е соодветен за одговор. Сето тоа префрлување од еден на друг јазик е зголемена ментална придобивка.

9. Нов начин на гледање

Учењето на нов јазик може значително да ви го смени гледањето на светот. Учејќи јапонски на пример, јазик кој што има термини како светло и темно сина, може да ви ја смени перцепцијата на тоа како гледате врз боите.

10. Да го подобрите вашиот мајчин јазик

Преку учењето на втор јазик вие посветувате внимание на правилата и структурата на истиот, сето тоа може да ви помогне да станете подобар и со вашиот мајчин јазик.

Како што Geoffrey Willans рекол, „Никогаш нема да разберете доволно еден јазик, се додека не почнете да разбирате минимим два.“

Истражувате други култури

Овие десет причини се далеку од придобивките што може да ги добиете од задлабочувањето во друга култура и од гледањето на вашата култура од перспективата на друг.

И како за крај, можеби ќе добиете нешто како „втора сродна личност“ од учењето на друг јазик.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.