10 работи кои најмногу ни недостигаат од 90-тите

Во ера кога филмовите се гледаат на интернет, а фотографиите се гледаат на мобилните телефони, на луѓето им недостигаат работи кои ги потсетуваат на нивното детство. Најмногу им недостигаат работите како снимање на аудио касетофоните, развивање на фотографиите, па се до позајмувањето на видео касетите, потврдува една студија спроведена од страна на Disney Channel.

10 работи кои најмногу ни недостастигаат

 

Носталгија предизвикува и пишувањето писма, што за децата е сосем непозната работа, бидејќи врските со нивните роднини децата ги одржуваат преку Skype или Facebook. Но, истражувањето покажало дека за разлика од порано, денес децата сè повеќе се слушаат со своите роднини, благодарејќи на новата технологија.

Топ 10 искуства од 90-тите години кои најмногу им недостигаат на луѓето:

  1. Снимање песна од радио
  2. Пишување писмо
  3. Праќање музички честитки
  4. Купување грамофонски плочи или касети
  5. Рачно пишување на благодарница
  6. Развивање на филмот и чекање на фотографиите
  7. Заедничко гледање ТВ со семејството
  8. Играчки од 90-тите години
  9. Позајмување видео касети
  10. Планови кои не се менуваат, поради немањето на мобилниот телефон



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.