10 работи кои треба да ги знаете во врска со психологијата

Дали сега почнувате да ја изучувате психологијата? Може ви изгледа како опширна и застрашувачка област, но со разбирање на некои основни факти сето тоа може да стане многу полесно за вас. Следниве работи се само неколку основни нешта кои треба да ги знаете за оваа фасцинантна област. Кога еднаш ќе ги научите основните работи за оваа наука, вие ќе бидете подобро подготвени да ја истражувате понатаму уште подлабоко.

10 работи кои што треба да ги знаете во врска со психологијата

1. Психологијата е наука на умот и однесувањето

Психологијата е наука која ги изучува менталните процеси во мозокот и однесувањето на луѓето. Терминот психологија доаѓа од грчкиот збор „психи“ што означува здив, дух, душа  и зборот „логос“ што означува изучување. Психологијата произлегува од биологијата и филозофијата и е блиску поврзана со други дисциплини како социологија, медицина, лингвистика и антропологија.

2. Психологијата употребува научни методи

Еден од митовите за психологијата е дека се базира на „здрав разум.“ Обратно од здравиот разум психологијата се базира на научни методи со цел да ги истражи прашањата и да дојде до нивно решение. Преку користење на емпириски методи истражувачите се способни да ги откријат поврзаностите помеѓу различни варијабли. Психолозите користат различни техники како студирање на човечкиот ум и неговото однесување, вклучувајќи природна опсервација, експерименти, учење од случаеви и прашалници.

3. Психологијата зазема многу различни перспективи

Темите и прашањата поврзани со психологијата може да се гледаат на најразличен начин. Да го земеме насилството како пример. Некои психолози може да гледаат како биолошкото влијание допринело до насилството, додека други психолози може да го гледаат како фактор на културата, семејните односи, социјалниот притисок и како некоја ситуација може да допринесе кон појава на насилството. Некои од  главните перспективи во психологијата вклучуваат:

  • Биолошка перспектива
  • Конгнитивна перспектива
  • Перспектива на однесувањето
  • Еволуциона перспектива
  • Човечна перспектива

4. Психологијата има многу под-полиња

Има многу различни гранки на психологијата. Воведните предавања често ги испитуваат базичностите на овие нејзини гранки, но подоцнежните изучувања на секоја индивидуална гранка на психологијата може да зависи од тоа за каква насока ќе се одлучите. Некои од позначајните гранки на психологијата се клиничка психологија, психологија на личноста, социјална психологија, конгнитивна психологија и развојна психологија.

10 работи кои што треба да ги знаете во врска со психологијата

5. Психологијата не е само наука за терапија

Кога ќе помислите на психологија дали си замислувате како некој психолог држи некоја тетратка и запишува нешто, додека вие се потсеќате на вашите спомени од детството? Додека терапијата е навистина важен дел од психологијата, не е единствениот дел што психолозите го прават. Всушност, многу од психолозите не ни работат на полето за ментално здравје. Психолозите се ангажирани и во други области, како на пример предавање, истражување и конслатинг. Психолозите работат во различни области вклучувајќи:

  • Средни школи и универзитети
  • Приватни корпорации
  • Болници
  • Владини установи

6. Психологијата е насекаде околу вас

Психологијата не е само академски предмет кој постои само во училниците, истражувачките лаборатории и центрите за ментално здравје. Принципите на психологијата може да се видат насекаде оклу нас, во нашите секојдневни животни ситуации. Рекламите на телевизија и флаерите што ги гледате секој ден се потпираат на психологијата, со цел да развијат маркетинг пораки кои ќе влијаат и ќе ги убедат луѓето да го купат продуктот или услугата  која се рекламира. Интернет страните што секој од нас ги посетува ја користат психологијата, со цел да разберат што читаат луѓето и како ги интерпретираат информациите што се ставени на нив.

7. Психологијата го истражува и реалниот свет и теоретските прашања

Како што ќе ја изучувате психологијата може да ви изгледа дека некои определени теории и истражувања што ќе ги научите и разберете некако не може да се применат во реалниот живот. Но, важно е да разберете дека психологијата е, и применета и теоретска област истовремено. Некои истажувачи се фокусираат на додавањето на нови знаења поврзани со човековиот ум и неговото однесување (познато како базични истражувања), додека другите се концентрираат директно на решавањето на проблемите и применувањето на психолошките техники во вистински ситуации ( познато како применето истражување).

8. Психологијата овозможува широк спектар на можности за работа

Ако размислувате да дипломирате на психологија, тогаш ќе бидете среќни да дознаете дека има многу различни опции за тоа каде после би работеле. Различните опции за кариера главно зависат од нивото на образованието и работното искуство, затоа е многу важно да се стекнете со што поголемо знаење во оваа област и да ги добиете сите можни лиценци за работа во областа за која што сте специјализирале. Еве некои од можните опции за кариера кои може да ги разгледате: клиничка психологија, форензичка психологија, здравствена психологија и индустриско-огранизациона психологија.

10 работи кои што треба да ги знаете во врска со психологијата

9. Психологијата го изучува и нормалното и абнормалното однесување

Кога луѓето мислат на психологијата тие веднаш помислуваат на дијагнозите и третманите на абнормалното однесување. Но, важно е да се запомни дека психологијата го изучува и нормалното однесување исто така.

10. Психологијата се обидува да го опише, објасни, предвиди, модифицира и подобри однесувањето

Има четири главни цели на психологијата:

  • Да го опише човечкото размислување и однесување
  • Да објасни зошто ова однесување се појавува
  • Да предвиди како, зашто и кога овие однесувања ќе се манифестираат во иднина
  • Да ги модифицира и подобри однесувањата, се со цел да ги подобри животите на луѓето и на општеството како целина

Како што може да видите психологијата е богата и фасцинантна наука, која има практична примена во многу различни области од животот. Ако некогаш сте се запрашале зошто луѓето размислуваат и реагираат на тој начин, тогаш преку изучување на психологијата ќе имате поголема шанса да добиете увид во човечкото размислување.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.