3 совети како да разговарате со децата во врска со некој трагичен настан

Скоро е невозможно да ги заштитите децата од негативните настани кои се случуваат во светот. Во нашето општество кое е целосно поврзано, ударните вести многу побзо доаѓаат до нас отколку порано. Најчесто таквите вести за масовни убиства и трагедии се во етерот со денови и исто така се и тема на разговор на многумина.

Ниеие го гледаме ова без разлика дали е некој интернационален настан или домашен. Како возрасни овие настани може да ни влијаат многу емоционално. Некои од нас може да плачат, други да почувствуваат лутина или фрустрација. Но, кај децата овие реакци може да бидат многу покомплексни.

3 совети како да разговарате со децата во врска со некој трауматски настан

Децата може да се повлечат, лесно да се вознемират, да им се намали апетитот или да имаат кошмари. Полошо од ова тие може да развијат силна врска помеѓу настанот и некоја локација каде што се случила трагедијата (на пример, авион или училиште) и да развијат аверзија кон таа локација.

Има неколку битни разлики за тоа како децата и возрасните ја примаат и процесираат информацијата од вестите. Кога возрасните ќе ја слушнат информацијата на вестите за некоја трагедија тие се во состојба да ја идентификуваат како изолиран инцидент.

Децата од друга страна се уште не ја поседуваат таа способност како возрасните. Тоа значи дека детето за разлика од возрасните не ја разбира автоматски веста како изолиран инцидент или пак е во можност да ја интерпретира содржината на веста за подобро да ја разбере причината за нејзиното настанување.

Исто така возрасните вообичаено не ја доживуваат на ист начин веста за тој немил настан кога повторно ќе ја слушнат на вести. Со тек на време ние стануваме „глуви“ на таа информација. Но, истото не е точно и кај децата, кои најверојатно ќе ја слушнат информацијата како нешто што се случува постојано.

3 совети како да разговарате со децата во врска со некој трауматски настан

Зборувањето за некој трагичен настан не мора да биде комплицирано. Еве неколку совети кои треба да ги пробате:

  • Кога ќе забележите дека таква информација дошла до вашето дете прашајте го што чуствува во врска со неа. Сосема е нормално вашето дете да ви одговори „ништо“. Немојте да инсистирате да добиете некакава емоција од детето доколку тоа не ви ја даде веднаш. Исто така, може да му кажете доколку сака да постави некое прашање во врска со веста, вие ќе му го одговорите. Ова му дава на значење дека вие сте подготвени отворено да зборувате во врска со самата вест. Доклку вашето дете не покаже никаква заинтересираност или емоција во врска со веста, во тој случај само едно кратко објаснување ќе биде доволно.
  • Ако вашето дете постави некое прашање, одговорете му искрено и на начин кој ќе биде разбран од негова страна. Секогаш прашање како „Зошто авионот се сруши?“ всушност значи „Може ли ова да ми се случи и на мене кога ќе бидам во авион?“  Бидете внимателни во врска со тоа што ве прашува вашето дете и одговорете соодветно на тоа.
  • Следете го вашето дете. Ден или два после вашиот разговор за трагичната вест, дајте им до знаење дека вие сте подготвени да зборувате повторно за истото доколку имаат дополнителни прашања. Децата секогаш го рефлектираат лично тоа што ќе го видат и слушнат. Затоа е многу важно да го следите вашето дете во врска со веста, се со цел доколку има некои нови прашања да не му останат неодговорени.

Процесирањето на вестите или трагичните настани е многу битно во помагањето на нашите деца што подобро да ги разберат овие настани. Ова преставува добра можност децата да научат за светот околу нив, а воедно претставува и можност што повеќе да се зближите со вашето дете.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.