4 области на предизвик кај сите адолесценти

Многу е важно за родителите во оваа ера на брз технолошки развој и развој на социјалните мрежи, да почнат да разбираат како мозокот на адолесцентите функционира. Мозоците на тинејџерите се поврзани со импулси и реакции, што не е добра комбинација за одлучување во врска со алкохолот и дрогите, социјалните мрежи и сексот. Недостатокот на силни извршни мозочни функции во мозокот на адолесцентите резултира со нереални мисли. Па, затоа кога родителите ќе се вклучат во нивната нереалност, тие само ги залажуваат нив.

4 Области на предизвик за сите тинејџери

Адолесцентите се професионалци кога станува збор за маскирање на тешкотиите и предизвиците во животот, а доколку пак на родителите им се заврзани очите целата ситуација излегува од контрола. Кога адолесцентите ќе кажат дека сè се одива добро, тоа е речиси црвено знаменце дека всушност е обратната ситуација.

Притисокот кој адолесцентите го доживуваат во денешно време е зголемен во однос на претходните декади. Користењето на новите технологии како и самиот притисок од модерното општество влијаат врз нивниот мозок и се создава притисок кој влијае негативно на самите нив. Без разлика колку се тие напредни и се разликуваат едни од други нивниот мозок нема да биде целосно развиен сè до нивната 25-та година.

Сите адолесценти имаат предизвици кој што бараат надгледување од родителите. Родителите се во заблуда ако мислат дека нивните деца кои не бараат помош и си го живеат својот живот посебно дека добро им оди. Секојдневната комуникација помеѓу родителите и адолесцентите може да помогне во одлучувањето помеѓу тоа што е добро, а што лошо за нив, иако некогаш темата на разговорот не е пријатна.

Еве четири области на предизвик каде што сите типични, општествено нтегрирани и високо мотивирани адолесценти мора да реагираат:

1. Едноставно кажете им НЕ на дрогите

Дрогите и алкохот се присутни во тинејџерските собирања уште од нивните рани 14 години. Доколку некој адолесцент не изгледа дека користи дрога и конзумира алкохол, можно да е вистина, но тие ќе треба да направат тешка одлука во врска со тоа. Родителите треба да имаат отворен разговор со нив во врска со користењето на истите. Родителите треба без осудување да ги учат своите деца за тоа како да се справат со ситуација кога ќе им биде понудено нешто такво. Најдобар начин за превенција од дрогите и алкохолот е да се создаде сигурна домашна атмосфера, каде што ваков разговор ќе се отпочне уште од 12-тата година од нивниот живот, со што воедно и самите тинејџери нема да се плашат од реакцијата што може да ја добијат од родителите кога стнува збор за овие прашања. Не треба да има последици ако бидат искрени во врска со ставовите и грешките, но треба да има последици доколку не го направат тоа.

2. Кажете ѝ НЕ и на приватноста

Адолесцентите не можат да се справат со приватноста, затоа што тоа значи дека и социјалните мрежи треба да бидат приватни. Родителите треба да ги учат своите деца за социјалните мрежи и приватноста, кажувајќи им дека постојат интернет предатори и непознати луѓе кои имаат потреба од искористување и повредување. И доколку не се вклучени нивните деца дирекно, треба да им се каже дека таа опасност сè уште постои. Родителите треба да ја следат целокупната интернет историја на своите деца, сè додека тие не пораснат.

4 Области на предизвик за сите тинејџери

3. Училишниот притисок и планирањето на времето

Високо надарените адолесценти сакаат да се покажат одлично во училиште, а со тоа си создаваат зголемен притисок и предизвик. Многу од нив може да се покажат одлично во училиштето без разлика на лошите навики на учење. Родителите треба да ги следат нивните домашни, начинот на учење и изработката на проектите сè до факултетот. Родителите се наивни ако мислат дека ако нивното дете дошло навремено и со просек кој е прифатен до средно училиште дека тоа прави добри и паметни одлуки. Ако така размислувате вие ќе бидете далеку од вистината. Денешниот тинејџер попрво ќе избере работа која што се плаќа, отколку да го помине денот учејќи и надоградувајќи се. Родителите треба да ги следат нивните деца со цел да им помогнат да го искористат времето на најдобар начин.

4. Сексуални одлуки

Границите помеѓу пријателството и сексуалната врска никогаш не биле понејасни, а се почнува со одлуката дали да се „фатат“ со некој/а другар/ка на забава само затоа што тоа се очекува од нивните врсници. Проблемот за имањето секс со некој/а другар/ка или да бидат подолго време сексуално активни со истита личност ги оттргнува од вистинското значење да се биде сексуално интимен и емоционално близок, како и од довербата и разочарувањето што идат заедно со него. Сексуалните врски треба да бидат зачувани за луѓе кои имаат чуства еден за друг и треба да бидат израз на таа љубов. Родителите треба да знаат дека зборувањето за овие работи нема да биде доброволно и дека нема да биде толку отворено. На тинејџерите треба да им се објасни дека кажувањето „не“ е соодветно и здраво и со тоа тие рефлектираат висока самосвесност. Треба да им се каже дека здрава личност треба да одлучи со кој ќе го сподели своето тело, а не да влезе во нечие очекување.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.