45 канцелариски работи кои нервираат

Секоја канцеларија во светов има бар една заедничка работа – типичниот колега/колешка кои ве нервираат.

Малите канцеларии, стресот од работата и различностa кај луѓето може да создадат навистина непријатна работна атмосфера.

Нервозата варира – дури и најмалата работа, како гласно џваќање мастика на работа може да предизвика и најсмирениот соработник да го изгуби своето трпение.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

Но пред да се вознемирите релаксирајте се, сè е во ред, потполно ве разбираме. Најдобрата работа е да разговарате со вашиот колега или со другите колеги се со цел да се надминат овие ситуации.

1. Имате здив на кафе.

2. Константно џвакате крцкави работи на вашето биро.

3. Никогаш не прифаќате помош, дури и кога се гледа дека ви е потребна.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

4. Ги прекинувате разговорите.

5. Никогаш не прекинувате со зборење.

6. Постојано си зборувате сами со себе.

7. Зборувате за работи кои се навистина лични.

8. Никогаш не одговарате на мејловите.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

9. Дозволувате другите да го видат вашиот стрес.

10. Постојано ви стигаат нотификации на вашиот телефон.

11. Ја оставате вашата овошна салата во канцеларискиот фрижидер да стои цел месец.

12. Си сечете нокти на бирото.

13. Почнувате разговор со колегите кои се на другиот крај од канцеларијата.

14. Гласно ја сркате вашата супа.

15. Цело време зборувате за вашата девојка/дечко или сопруга/сопруг.

16. Колегите треба да се надвикуваат над вашата музика.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

17. Никогаш не сте на време за било што.

18. Ја пиете последната чаша кафе и не ставате ново кафе во кафематот.

19. Често зборувате на спикерфон.

20. Уринирате на капакот и никогаш не чистите после тоа.

21. Не си ги миете рацете после одење во тоалет.

22. Ја користите последната коцка лед и никогаш не ставате да се направат нови.

23. Затоплувате риба во канцелариската микробранова.

24. Постојано гледате во мониторите на другите.

25. Го повикувате IT секторот за помош на исти работи, кои секогаш се ваша вина.

26. Константно мумлате, свиркате или пеете на глас. Дури и кога канцеларијата е целосно тивка.

27. Се смеете на алармантно ниво.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

28. Слушате музика на вашите слушалки толку гласно што сите околу вас знаат дека сте ја слушале „Happy“ три недели по ред.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

29. Оставате пасивно агресивни пораки насекаде. Веќе сите го знаат вашиот ракопис, затоа кажете на глас што мислите.

30. Јадете екстремно зачинета храна на вашето биро.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

31. Им кажувате на вашите колеги колку е часот, некогаш и повеќе пати на ден.

32. Вие сте самопрогласени тапанари со пенкалото/моливот.

33. Постојано кликате со пенкалото.

34. Стоите нетрпеливо додека другите колеги разгивараат, наместо да кажете: „Се извинувам, ќе може да дојдеш кога ќе завршиш.“

35. Инсистирате да стои прозорецот отворен иако надвор е премногу ладно.

36. Постојано оставате недопиени сокови во канцеларискиот фрижидерот и ги заборавате.

37. Крадете храна од канцеларискиот фрижидер.

38. Куцате прегласно.

39. Коментирате колку долго се задржале колегите за јадење, а не сте им нивен претпоставен.

45 канцелариски работи кои што ве нервираат

40. Си пеете гласно на работното биро.

41. Постојано шетате околу канцеларијата.

42. Никогаш не си чистите зад себе.

43. Секогаш оставате другите колеги да платат за јадењето.

44. Правите непристојни шеги.

45. Не пуштате вода во тоалетот.

Дали вашите колеги прават нешто друго што ве нервира? Споделете во коментар.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.