5 извонредни причини зошто паровите треба да вежбаат заедно

Дали планирате да започнете со некој определен тренинг и се обидувате да го убедите вашиот партнер да ви се придружи? Споделете ја оваа листа со него/неа и гледајте како вашата љубов и здравје растат.

5 извонредни причини зашто треба паровите да вежбаат заедно

1. Секогаш ќе имате партнер за вежбање

Дали сте личност која секогаш мора да има некој со неа додека вежба? Кога сте сигурни дека некој ве чека во теретаната, дали со тоа ви е полесно да ги облечете вашите патики? Ако вашиот партнер смета на вас да се разбудите во 6 наутро и да одите со него на утринско џогирање, нема толку лесно да се откажете од вежбањето. Партнер за вежбање е исто така добар и за безбедноста, трчајќи сам може да го зголеми ризикот да бидете удрени од автомобил, да се повредите или да бидете киднапирани. Трчајќи заедно е побезбедна опција.

2. Вие сте добар пример за другите

Кога други луѓе ве гледаат како вежбате заедно тие ви се восхитуваат на вашата одлука да вежбате заедно, како и да бидете заедно. Гледајќи и опкружувајќи се со парови кои редовно вежбаат заедно тоа дава инспирација на други парови сè повеќе да се приближат еден со друг и да започнат да си ги остваруваат нивните цели еден со друг. Ако имате деца, вие исто така ги охрабрувате и нив да останат активни, гледајќи ве вас како вежбате активно, а во меѓувреме и се забавувате.

3. Ќе се опкружите самите себе со најразновидни вежби

Да бидеме реални, вие и вашиот партнер не секогаш ќе сакате да заземете учество во исти активности цело време. Можеби вие сакате да трчате, додека таа сака да вози велосипед. Вежбајќи заедно со вашиот партнер вие ги надминувате вашите слаби страни. Вклучувате нови видови на вежби, а со тоа имате шанса да ги зацврстите вашите слаби страни. Можеби не секогаш ќе ги сакате вежбите што ги одбрал вашиот партнер, но вежбањето не е залудно и е добар начин за да поминете квалитетно време заедно.

4. Ќе ги остварите целите заедно

Нема ништо посимпатично од поминувајќи ја целната линија заедно, еден до друг. Туркајќи го вашето физичко тело до границата на тоа што мислите дека е возможно и споделувајќи го тој момент со вашиот партнер е вистинско богатство кое треба да го цените. Кога ќе ги остварите фитнес вежбите заедно, ви расте поединечната внатрешна сигурност и верба дека можете да почнете да остварувате и други цели.

5. Ќе создадете спомени од авантури кои ќе ви траат цел живот

Ќе имате и подеми и падови додека вежбате со вашиот партнер. Пред неколку години научив дека е подобро да не поставувате очекувања, туку наместо тоа да мислите на секоја вежба како на авантура. Секогаш ќе има нешто уникатно и натпреварувачки во врска со вашето задничко вежбање. Обидете се да се најдете во тој момент и да го негувате тоа чувство. Сликајте по некоја слика додека го правите тоа. Со тоа вие создавате спомени кои ќе траат засекогаш.  Има ли и дополнителни поволности од вежбање со вашиот партнер? Ве молам споделете ги!




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.