5 лесни начини како да ги совладате сите проблеми поврзани со довербата

Довербата е темел на секоја добра врска, без разлика дали таа е љубовна, деловна или пријателска. Довербата се стекнува тешко, а многу лесно се губи. Затоа многу од луѓето не се ни осудуваат да веруваат од причина што се плашат да бидат повредени. Со овој став можете само да ги отргнете од себе луѓето кои ви се важни, или пак да не ја видите добрата прилика. Проблемот со довербата можете да го надминете на едноставен начин и со секојдневни вежби.

5 лесни начини како да ги совладате сите проблеми поврзани со довербата

Следете го туѓиот пример

Еден од начините како да ја надминете недовербата е да ги гледате постапките на другите луѓе, велат психолозите. Понекогаш луѓето пребрзо се отвараат без да размислат како другата страна се однесува. Треба да видите дали тоа што го зборуваат се совпаѓа со тоа што го прават. Со ова вие можете лесно да заклучите дали некој е вреден за вашата доверба или не.

Бидете отворени спрема другите

Не ве повредиле сите вас, туку одредени индивидуи и тоа требата да го имате на ум. Кога ќе запознаете некој, треба да бидете отворени затоа што можете да ја пропуштите приликата да запознаете некој одличен човек, поради работи кои ви доаѓаат на памет од минатото. Во ред е да бидете внимателни, но тоа не значи дека новите луѓе не заслужуваат прилика да ве уверат дека се добри за вас.

Зашто си ме повредил/ла?

Ако некој се однесувал лошо кон вас, не треба да се воздржувате и веднаш треба да го прашате зашто тоа го направил. Луѓето може да се чувствуваат виновни иако проблемот не лежи во нив и тоа ги спречува во воспоставување нови односи. Колку подобро разберете зашто некој ве повредил, толку лесно ќе ги препознаете истите тие негативни карактеристики и кај другите.

5 лесни начини како да ги совладате сите проблеми поврзани со довербата

Гледање на работите од повеќе страни

Пред да одлучите дека некој не ја заслужува вашата доверба, информирајте се. Најдобро е да соберете информации од различни страни, со цел да направите целокупна слика и да не дозволите лутината да ве заслепи.

Слушајте го вашиот инстинк

Кога некој вас ве изневерил тешко е вие да се отворите, затоа тука може да помогне и тест за доверба. Ако се сомневате во некој, едноставно споделете му некоја „интересна“ тајна и видете дали таа ќе се прошири.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.