5 начини да станете посреќни во наредните 5 минути

Среќата е доживотна потрага по значење, цел и исполнетост. Но, и покрај тоа што е потребно многу време и упорност за длабоко да го транформирате вашиот живот, постојат и други стратегии кои можат да ви обезбедат моментна среќа. Таквите активности можат да ви овозможат скромно зголемување на среќата, но со пракса можат да прераснат и во среќни навики, охрабрувајќи ги вашите соништа и страсти.

5 Начини за да станете посреќни во наредните 5 минути

Еве 5 такви стратегии кои што можете да почнете да ги практикувате веднаш:

1. Направете неколку скокови

Аеробик вежбите ви го покачуваат вашето расположение. Во 2005 година, истражувачите од Државниот Универзитет во Чикаго и од Универзитетот од Минесота анализирале 158 различни студии направени помеѓу 1979 и 2005 година. Тие заклучиле дека аеробик вежбите се значително позитивни врз испитаниците во момент кога тие чувствувале намалено расположение. Со други зборови, аеробик вежбите можат да ви помогнат тогаш кога најмногу ви е потребно. Во едно поново истражување, истражувачите од Халмстад Универзитетот од Шведска анализирале 15 различни студии и пронашле дека физичкото вежбање може да биде ефективен третман за мала или средна депресија. Телото и духот се неразделни. Неколку скокови горе-долу можат многу да ви помогнат.

2. Јавете се на некој пријател или роднина

Позитивните социјални поврзаности се камен темелник на среќата и здравјето. Разговорот со некој ваш пријател може да има позитивно влијание и да ви ја зголеми вашата енергија и мотивација. Всушност, да се биде член на некоја социјална група или да имате минимален контакт со друга личност создава долготрајна и значајна мотивација. Ако моментално има луѓе околу вас, кој што ги сакате и цените, веднаш посетете ги или едноставно земете го телефонот и кажете им здраво.

3. Напишете 3 работи за кои сте благодарни

Многу луѓе водат дневник во кој што ги запишуваат работите за кои се благодарни. Едноставната вежба за признавање на вашите добри работи е идентификувањето на „трите добри работи“ што ви се случиле  и имале долготрајни позитивни ефекти врз вашето расположение. Во една студија од 2012 година психолозите Stephen Schueller и Acacia Rarks ја тестирале оваа стратегија на интернет и заклучиле дека бенефитите траеле дури и до шест месеци. Мала работа која што може да ви обезбеди шест месеци среќа за само пет минути пишување е добра идеја, се согласувате?

4. Замислете го вашето најдобро сценарио за блиска иднина

Истражувањата конзистентно покажуваат дека „вашето позитивно јас“ ве прави малку поголеми оптимисти, овозможувајќи ви палета од позитивни мисли. Доколку ги прашате среќните луѓе кој е патот до внатрешната среќа, тие ќе ве советуваат да се „замислите“ како оптимист кога ќе размислуваме завашата иднина. Светот е случајно сценарио на настани за песимистите. Но, оптимистите, од друга страна веруваат дека ги контролираат работите околу себе. Токму затоа во определени случаи треба да се замислувате дека сте оптимист.

Во линија со заедничкото верување, мислењето на позитивен начин (скоро реалистично) за иднината, претставува себе-исполнувачко пророштво. Најдете само пет минути за да го замислите и запишете вашето најдобро сценарио за следните месеци или години. Можете да се зачудите што се ќе откриете за тоа колку светла вашата иднина може да биде.

5 Начини за да станете посреќни во наредните 5 минути

5. Креирајте си некоја задача за денешниот ден

Еден многу познат и валиден модел на психолошко здравје бил објавен од страна на Carol Ryff од Универзитетот Висконсин пред 20 години. Тој содржи шест елементи кои ја сочинуваат среќата. Креирајќи дневна задача која што ќе ве води во текот на денот ве става вас на возачкото седиште, каде што ќе можете да донесувате свесни одлуки, отколку да реагирате на надојдените побарувања. Можеби не ќе бидете во можност да ја остварите како што сте замислиле, но со самото тоа што ќе бидете свесни за тоа што сакате да постигнете ќе ви овозможи чуство на цел и можност да бидете конзистентни во начинот на кој што комуницирате со светот.

Ако стигнавте до крајот на овој пост, размислете – која е вашата денешна задача?




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.