5 навики кои можат да ја „oтрујат“ секоја врска

И покрај тоа што многу луѓе сакаат да имаат среќна, хармонична и посветена врска или брак, многу од нив неповратно ќе ја уништат преку постепено нејзино труење.

5 навики кои што можат да ја затрујат секоја врска

Не како бруталноста или повредувањето, измамата или изневерувањето, најголемиот проблем кај овие деструктивни однесувања е тоа што тие се подмолни и суптилни и додека нивниот болен ефект се забележи, штетата веќе настанала. Слично на капка вода, сама по себе е безопасна, но со тек на време може да предизвика ерозија и кај најсилните камења. Исто така умереното, но постојано труење на врската може да ја уништи и најсилната врска.

Тие се:

1. Жалење

Ако сакате да ја осудите вашата врска на „мачење со капки вода“, честото жалење ќе ја заврши работата. Дури и кога жалбите и поплаките не се однесуваат кон вашиот партнер, тие исто така може да направат штета затоа што само слушајќи постојано негативни коментари може прилично да ги онерасположи луѓето. Најдобриот антибиотик за отровот од постојано жалење е да се молчи или да се зборуваат позитивни работи. Наместо „Театарот беше премногу ладен“ или „Услугата беше пребавна“ или „Ту, уште една гужва во сообраќајот“, обидете се да направите позитивни коментари или да не зборувате ништо.

2. Критикување

Една честа корозивна навика што многу луѓе ја имаат е да го критикуваат постојано својот партнер. Полошо отколку постојано да се жалите е да бидете постојан критичар. Ваквата навика е вистинскиот пат кон уништување на врската. Наместо да кажувате критички работи, обидете се да развиете рутина на давање комплименти кои имаат тенденција да го неутрализираат „отровот“ од критиката. Допуштањето (во смисла на оние нешта кои суштински не ја загрозуваат врската) е еликсирот кој помага во лечењето на врската повредена од критиката.

3. Контрирање

Изненадувачки е колку партнерите си одат контра еден на друг, дури и кога разликата е незначителна или не дава никакво значење на разговорот. Навистина е важно да се разберете во врска со тоа кога сте ја напуштиле забавата, на пример дека сте ја напуштиле во 10:30 наместо во 11:00. Или дека преставата што сте ја гледале била на едниот крај од градот, а не на спротивниот. Освен ако не поправате многу битна и значајна грешка, во сите други ситуации не се обидувајте да одите контра вашиот партнер. Особено не во јавност. Доколку сакате да кажете друго нешто, обидете се да го кажете тоа приватно. Запомнете дека секогаш кога сте во можност треба да се согласувате и поддржувате јавно, а да се поправате и корегирате доколку е потребно приватно. Само ваквото однесување може да ја поправи и излечи врската од постојаното контрирање.

4. Контрола

Едноставно ставете на страна постапки на злоупотреба, нечесност и неверност, да се биде секогаш оној кој контрорира е една од најопасните работи кои може да и наштетат на врската. Па и тогаш кога мислиме само добро, со вашите постапки, моментот кога ќе му кажете на вашиот партнер што да прави, а што не, тогаш не се однесуваме како да сме еднакви со партнерот. Туку се однесуваме како да му ја одземаме слободата да одлучи сам за себе. Подобро да знаете што навистина сака и да знаете дека тие постапки се негова лична одлука, отколку вие да го натерате да направи нешто за кои и самите знаете дека не е искрено и негов личен избор.

5 навики кои што можат да ја затрујат секоја врска

5. Последниот отров во една врска е да кажете „Не“ наместо „Да“

Ако вашиот парнет побара да направите нешто за него или неа, најдобриот одговор е да кажете нешто како „Да“, „Сигурно“ или „Ок“. Доколку ве замоли за нешто неразумно секогаш можете да поразговарате во врска со тоа и да поставите граница. Но ако вашиот типичен одговор секогаш е „Не“ или „Можеби“, барем во врската обидете се да станете „да-маж“ или „да-жена“ и почувствувајте ги благодетите на една многу повеќе исполнета врска.

Да сумираме:

 

  • Отров: Жалење
  • Антиотров: Давајте позитивни коментари

 

  • Отров: Критикување
  • Антиотров: Покажете прифаќање

 

  • Отров: Контрирање
  • Антиотров: Јавна подршка, приватно несогласување

 

  • Отров: Контролирање
  • Антиотров: Прифаќање и доверба

 

  • Отров: Кажување „Не“
  • Антиотров: Кажување „Да“ колку што е можно повеќе



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.