5 знаци дека патите од дневна пренатрупаност со информации

Цело време сте на мобилниот телефон, било да пишувате пораки или разговарате, па дури и само да проверувате дали има нешто ново? Проверете дали сте пренатрупани со информации…

5 знаци дека патите од дневна пренатрупаност со информации

Дали мобилниот Ви е продолжена рака?

Се чуствувате ли како вашиот мобилен, лаптоп или пак таблет да ви е како продолжена рака? Ако постојано добивате работни пораки, ги проверувате и одговарате на истите во вашето слободно време, а покрај сето ова се наоѓате во ситуации кога проверувате дали ви стигнала нова порака, во тој случај сте станале зависни од нив. Или Ви станало сето тоа толкава навика што ни самите не забележувате дека сте постојано „вклучени“. Еден од начините да ја намалите оваа зависност е да го држите телефонот подалеку од вас во текот на вечерта и да не се јавувате. Ќе се јавите подоцна. Можете да ја уклучите и опцијата „do not disturb“ на вашиот телефон.

На вашиот inbox веќе „му се тесни пантолоните“

Ако секојдневно се соочувате со стотина мејлови на различни интернет адреси, можеби Ви дошло времето да се организирате. Огранизирајте ги мејловите во фолдери, бришете ги веднаш тие за кој сте сигурни дека не сакате да ги прочитате и користете ѕвездичка за сите оние за кој морате да ги прочитате, а моментално не можете.

Дали ви треба секретарка?

Дали Ви звони телефонот на секој час, имате ли постојано состаноци или пак се договарате дека ќе направите нешто, а не сте сигурни дали ќе можете да го остварите сето тоа? Во тој случај ви треба некоја апликација која ќе ви ги синхронизира сите овие работи заедно. Ќе ве потсеќа, од неа ќе можете да праќате мејлови, пораки и ќе биде синхронизирана со сите ваши контакти. Со еден збор, таа ќе биде вашата лична секретарка.

Како изгледа вашиот desktop?

Дали вашиот компјутер ви кажува дека немате веќе доволно место, а вашиот desktop буквално е преполн со папки? Најверојатно и самите веќе забележувате дека губите многу време барајќи нешто на него и дека тоа веќе навистина нема смисла. Организирајте го и понатаму ќе ви биде полесно. Поделете ја работата и обврските по папки и во нив зачувувајте го она што навистина ви треба. Кога еднаш ќе го направите сето тоа, ќе ви биде многу полесно.

5 знаци дека патите од дневна пренатрупаност со информации

Дали имате некој најмил комуникациски канал?

Мејловите во поголемиот дел од компаниите се највообичаениот и најчестиот начин на комуникација, но тоа може да се разликува од компанија до компанија. Некои користат различни видови на chat апликации, влкучувајќи го и Skype, додека некои преферираат да комуницират по телефон. Најбитно е да не бидете дисперзирани на најразлични „локации“, тоа важи и на деловен план и на приватен. Мора да одберете една до две апликации или уреди кои ќе ги користите за комуникација, бидејќи кога сте на работа и сте во гужва најдобро би било да се сконцентрирате, а не да бидете дефокусирани од најразлични уреди и апликации кои постојано ќе звонат, вибрираат или титкаат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.