5 знаци дека сте во здрава љубовна врска

Сите луѓе се различни и токму затоа сите врски функционираат на различен начин. Она што е добро за едни, можеби е лошо за други, но сепак постојат неколку универзални знаци кои укажуваат дека сте на вистинскиот пат при градењето на здрава љубовна врска…

5 знаци дека сте во здрава љубовна врска

Можете да бидете вистинските вие – Едноставно немате потреба од никакви маски, вие се чувствувате слободно да бидете свои и вашиот партнер целосно ве поддржува во тоа.

Ја одржувате вашата индивидуалност – И покрај тоа што сите бариери меѓу вас се целосно срушени, вие сепак си дозволувате „простор за дишење“ кој ја освежува вашата врска. Вие можеби делите многу работи, но сè уште наоѓате време за да ги одржувате вашите интереси и страсти.

Имате заедничка желба за личен развој – Во една здрава љубовна врска вие имате можност за растење и развивање. Желбата да се стане подобра личност со поддршката на вашиот партнер ви помага и вам лично, но и на вашата врска.

Секогаш сте тука еден за друг – Способноста да се најде време за партнерот изгледа дека во денешно време е реткост. Исто како и ислушувањето без никаква критика и коментар, без разлика на ситуацијата. Токму затоа доколку сте пронашле ваква личност, покажете му/ѝ дека навистина го/ја цените.

Чувствувате внатрешен мир – Животот не е совршен, а истото важи и за љубовните врски. Но, доколку поголемиот дел од времето присуството на вашиот партнер ви побудува внатрешен мир и задоволство, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека сте ја нашле совршената личност за вас.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.