6 чекори до побрзо заспивање

Слабиот сон е лош за нашето здравје, вклучувајќи деградирање на меморијата; вниманието; перформансите и будноста. Додека на подолг период инсомнијата е поврзана со анксиозноста и депресијата. После 65 година помеѓу 12% и 40% од луѓето имаат инсомнија.

Сите методи се искористени во борбата против инсомнијата, од лекови, до психолошки терапии, па сè до најновите третмани.

6 чекори до побрзо заспивање

Проблемот со лековите е тоа што тие имаат несакани ефекти и често се станува зависен од нив. Проблемот пак со најновите третмани и покрај тоа што немаат несакани последици, не знаеме дали воопшто имаат некои ефекти. Психолошките техники го комбинираат најдоброто од двата страни: студиите покажале дека тие функционираат без несакани последици.

Стимулативна Терапија

Професорот Richard R. Bootzin го истражувал нарушувањето на сонот многу години на Универзитетот од Аризона САД. Опишано пошироко во годишниот извештај за клиничка психологија, тој ги објаснил различните психолошки пристапи кои биле користени во третирањето на имсомнијата.

Една од поуспешните стратегии се вика Стимулативна Терапија. Таа се состои од шест едноставни чекори. Доколку се следи би можела да ви помогне во побрзо заспивање. Еве ги тие шест чекори:

  1. Легнете си да спиете само тогаш кога се чувствувате поспано.
  2. Не го користите вашиот кревет за ништо друго освен за спиење. Тука влучува да не читате на него, да не јадете или пак да седите и да размислувате. Сексуалните активности се единствениот исклучок од ова правило.
  3. Доколку видите дека не можете да заспиете, станете и одете во друга соба. Останете таму колку што сакате и подоцна вратете се во спалната на спиење. Секако, додека сте во кревет или во другата соба не го гледајте често часовникот. Целта на овој чекор е да го асоцирате креветот со заспивањето веднаш! Ако сте во кревет подолго од 10 минути без да заспиете и не сте станале од него, тогаш не ја следите правилно оваа инструкција.
  4. Ако и после ова неможете да заспиете, повторете го чекор 3. Правете го ова повеќе пати во ноќта сè додека не заспиете.
  5. Наместете го алармот и станете секое утро во исто време без разлика колку сон сте имале вечерта. Ова ќе ви помогне да воспоставите конзистентен ритам на спиење и станување.
  6. Немојте да дремете во текот на денот.

6 чекори до побрзо заспивање

Зашто функционира

Методот е базиран на идејата дека сите ние сме како кучето на Павлов.  Ние поврзуваме определени стимулси од околината на определени мисли и однесувања. Познатото куче на Павлов почнувало да лачи плунка кога ѕвонче ќе заѕвонело, бидејќи ѕвонењето го асоцирало на добивање на храна (секогаш по ѕвонењето следувало храна). Поради повторувањето, кучето лачело плунка кога ќе го слушнело ѕвончето, дури и кога немало да добие храна. Заменете го ѕвончето со кревет и храната со спиење и концептуално вие сте таму.

Ако се научиме да ги правиме сите работи во нашите мисли додека сме во кревет, тогаш кога ќе легнеме, спиењето ќе го замениме со сите тие мисли.

Важно е да избегнувате да гледате телевизија во кревет, но исто така важно е и да не лежите тука така во кревет и да размислувате. Бидејќи тогаш ќе научите да го асоцирате креветот со загрижените мисли. Најлошо од сè, ќе почнете да страдате и од антиципирана анксиозност, анксиозност која ќе ја чувствувате секој пат пред да одите на спиење.

Така што, оваа терапија функционира преку зајакнување на врската помеѓу креветот и спиењето и преку слабеење на врската помеѓу креветот и било што останато (освен сексот).

Останатите третмани објаснети во ова истражување се прогресивното релаксирање на мускулите и парадоксална намера. Оваа техника подразбира луѓето да престанат да мислат толку многу на спиењето. Моментот тука е кога луѓето ќе престанат да мислат толку многу на спиењето, ќе видат и дека не е толку тешко веднаш да заспијат.

Сето ова функционира само доколку не живеете до некој ноќен тапанар и не конзумирате дупло еспресо пред да си легнете. Но, овие работи се премногу очигледни. Сè останато покрај ова може да биде потпомогнато од страна на Стимулативната Теорија, сè со цел побрзо заспивање.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.