7 лица на тагата кои изразуваат најдлабока болка

Тагата секој ја изразува на начин кој е својствен за себе, па заради тоа на луѓето околу себе може да им изгледа бесчувствително. Откријте ги 7-те лица на тагата…

7 лица на тагата кои изразуваат најдлабока болка

Моментална тага

Тагата е чувство кое е познато на сите луѓе, а една од најчестите е моменталната и краткотрајна. Се јавува во поинтензивен облик на разочарување и предизвикува негативни мисли, болка и песимизам. Сепак, настаните кои ја предизвикале немаат толку големo значење за животот на поединецот, па таквата тага поминува за еден или неколку дена.

Прикриена тага

Понекогаш поединецот не покажува знаци на тага бидејќи ги става туѓите потреби пред своите, се труди да се прикаже како посилен/а, или пак мисли дека ако почне да тагува отворено, ќе се скрши. Најчест пример е тагата после загуба на сопружник, која не се покажува во својата полна снага бидејќи вниманието се посветува на децата.

Тага во исчекување

Чувството на загуба не е реално, бидејќи до него сè уште не е дојдено, но веројатно е дека ќе се случи – пример, исчекување на смрт на блиска личност поради долга и тешка болест. Таа често се меша со чувствата на надеж и хистерија, но е начин за прилагодување на загубата и психичка подготовка која настапува како обранбен механизам.

Трауматска тага

Причина за овој вид на тага е изненадна ситуација, која со себе врзува силна повреденост, разочарување и чувство на беспомошност. Колку е траумата поголема, толку тагата станува поинтензивна, а психолозите нагласуваат дека најопасно е потиснувањето на овој вид тага.

Хронична тага

За некои луѓе тагата е толку интензивна што и месеци по големата загуба, не чувствуваат никакво подобрување. Заради тоа, тешко продолжуваат со својот живот и секојдневните активности, а доаѓа и до занемарување на другите луѓе во своето окружување. Хроничната тага најчесто ја поврзуваат со настанок на депресија, па доколку е така, најдобро е личноста да се обрати кај стручно лице.

Одложена тага

Овој вид на тага настанува како последична реакција по несреќен настан или загуба. Поединецот е во состојба на шок и не може да сфати што навистина се случило. Тоа е исто така еден од одбранбените механизми во кои игнорирањето на случката и самозалажувањето овозможуваат да се преживеат првите денови. Сепак, откако ќе се појави, одложената тага е еднакво интензивна.

Обесправена тага

Во повеќето тажни искуства, другите ја признаваат загубата и на луѓето им дава чувство на сигурност и поддршка. Но, обесправената тага поминува незабележано или не е призната од страна на другите, бидејќи тој кој тагува, наизглед „нема право на тоа“ или ја прикрива загубата. Добар пример е љубовницата која го оплакува љубовникот, тага после абортирање, дијагноза на некоја болест која се смета за табу…




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.