7 работи кои мора да ги научите во врска со вашиот темперамент

„Престани да плачеш, веднаш!“

„Немој вака да ми се однесуваш!“

Можеби повеќе не ги слушате овие зборови, но работите што ви ги кажале вашите родители или старатели кога сте биле нервозни како мали остануваат во вас. Како вашите родители се справувале со стресот можеби ве научило на некои работи, како на пример, дека емоциите треба да се избегнуваат или дека секогаш некој настрадува кога ќе ги искаже. Со други зборови, вашите спомени од детството оставиле емоционални траги кои ви ја менуваат вашата врска со партнерот или партнерката денес.

7 работи кои мора да ги научите во врска со вашиот темперамент

Кога сте гневни, вашето тело се полни со хормони кои предизвикуваат стрес, а со тоа тие го исклучуваат рационалниот дел од мозокот. Вие може да бегате и да се криете или да напаѓате и да негирате, зависно од вашето воспитување. Најчесто автоматската  реакција на нервозата е таа што ви останала од детсвото.

Но, рани како овие можно е да се излекуваат. Учејќи неколку работи во врска со гневот ви овозможува многу полесно да го решите. Еве седум такви работи кои што треба да ги знаете во врска со гневот предизвикан од емоционалните рани и како да не дозволите тој да ви го контролира животот:

1. Потиснатиот гнев е како вулкан

Гневот може да ги направи останатите да се чуствуваат непријатно или исплашено, така што вашите родители ве охрабриле да го затворите наместо да го ослободите. Проблемот со воздржувањето е тоа што креира планина на експлозивни чуства кои што евентуално можат да еруптираат на штетен начин, почнувајќи од физичка болка и депресија до себеуништување.

2. Вашиот гнев се обидува да комуницира со вас

Гневот е реакција на вашиот мозок која што кажува дека нешто ве вознемирува. Ако некој каже или направи нешто што ве вознемирува, а вие ги игнорирате вашите чуства, вие исто така го игнорирате причинителот. Ако некој е толку важен за да предизвика таква емоција, очигледно не треба да биде игнориран.

3. Вашето тело ви кажува кога сте вие гневни

Гневот се развива толку бргу што е тешко дури и да признаете дека сте гневни пред вашето тело да изреагира. Учејќи што прави гневот на вашето тело – го прави вашето лице топло, прави притисок во вашиот врат и предизвикува можност да создадете простор помеѓу причинителот и вашата реакција.

4. Реакциите можат да бидат контролирани

Доколку лесно се разлутувате кога некој пријател ќе ви каже нешто навредувачко, кога вашиот партнер ви изгледа оддалечен или пак, кога некое дете ви негодува тогаш можеби немате контрола врз вашите реакции. Било кое од овие нешта може да предизвика реакција која што ќе ве натера да посакате да го повредите соговорникот. Можеби не ви изгледа сега така, но возможно е да ги контролирате вашите реакции. Контролирајќи ги вашите импулсивни одговори на ситуацијата, вие ќе можете да размислите за неа и да одберете дали да зборувате или да реагирате на начин кој што ќе ви биде од најголема полза за вас.

5. Вашето детсво сè уште ве прави гневни

Замислете го следново сценарио: Како дете вашиот татко ќе ја погледнел вашата домашна работа после ручекот, додека уживал во неговото четврто пиво. Тој секогаш ќе најдел нешто неточно и ќе ве навредел, нарекувајќи ве глупави или мрзливи. Наместо да сфатите дека вашиот татко бил алкохоличар, вие создавате страв да не бидете критикувани и верување дека секоја критика е понижувачка. Како возрасен, кога вашиот претпоставен ќе побара да поправите некоја грешка во вашиот извештај, вие реагирате со гнев, но таа реакција има многу повеќе заедничко со вашиот тако отколку со вашиот претпоставен.

7 работи кои мора да ги научите во врска со вашиот темперамент

6. Реакциите може многу брзо да ја уништат врската

Додека се обидувате да зборувате со вашиот партнер, а истовремено и двајцата сте гневни, ништо не е добиено. Вие се надвикувате или мислите што ќе кажете наредно со цел да ја добиете караницата. На крајот и двајцата губите, бидејќи никој од вас не слуша. Овој вид на реакција може да ве доведе до еден вид на врска во која еден од вас или двајцата одите на стакло од стравот да не предизвикате расправија – додека проблемите се кријат и никогаш не се решаваат.

7. Самосвесност е спротивното од избрзана реакција

Добрите врски не се случуваат случајно. Доколку гневот се реши на некој нездрав начин, ве спречува вас или тие што ги сакате, од добивање на тоа што ви треба или што очекувате од животот и што очекувате еден од друг. Самосвесноста е клучот за здравата реакција во врска со гневот, бидејќи таа е спротивното од избрзана реакција.

Како да одите нанапред

Првиот чекор за промена на начинот како вие комуницирате со другите е да ги идентификувате проблемите и да превземете одговорност. Видете се себеси чесно и направете си ретроспектива на улогата која што гневот ја играл во вашата врска. Тогаш ќе можете да започнете со процесот на учење за тоа како да дојдете и како да научите да ги решавате вашите чуства. Кога ќе се посветите себеси да го промените вашиот начин на размислување и однесување, ќе ја вратите контролата над вашите животи. Преку самовесноста ќе отпочнете да ги поправате вашите емоционални рани, а со тоа ќе може да одите напред во духот на простувањето и благодарноста.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.