7 техники за побрзо помнење и уште побрзо совладување на лекциите

За подобро помнење помага исхраната како што е зелениот чај и боровниците, а исто така неопходен е и добриот сон. Визуелизацијата на материјалот за учење, читањето на глас и редот во учењето помагаат во зајакнување на меморијата.

8 техники за побрзо памтење и уште побрзо совладување на лекциите

  • Најдобро е да учите на мирно место, каде што нема пречки, како што се телевизорот или музиката. Какво било и да е одвлекување на вашето внимание ви ја нарушува концентрацијата, а со тоа и вашето помнење.
  • Материјалот за учење најдобро е да го повторувате секој час. Така полесно ќе го запомните. Кампањското учење е лошо затоа што во мозокот влегуваат преголем број информации кои што не може правилно да се процесираат, па затоа и доаѓа до нивно губење.
  • Мнемотехниките помагаат за полесно запомнување на материјалот. Тие се техники кои ги поврзуват зборовите, поимите или фотографиите со информации. Така на пример, наместо да ги запомнувате сите поими, користете нивни скратеници.
  • Кога ќе изучувате нови информации, најбитно е да ги поврзувате со веќе научените. Можете да ги визуелизирате лекциите и да ги претворите во карти, графикони или временски интервали.
  • Читањето на глас е одлично за помнењето, потврдило едно истражување. Едноставно излезете пред домашните и презентирајте го тоа што се го научиле. Играјте си училиште и дома.
  • Добриот сон е неопходен и за добрата меморија. Се препорачува секоја вечер да спиете од седум до девет часа. Истражувањата покажале дека ненаспаноста влијае лошо врз концентрацијата и го зголемува ризикот од заборавање на информациите.
  • Мозокот треба да се потикнете, а притоа најдобро му влијаат продукти богати со антиоксиданси како што се зелениот чај, боровниците, брокулата, лососот, темното чоколадо и куркумата.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *