8 чекори за разрешување внатрешни конфликти

Конфликтот може да се јави меѓу различни делови во нашата личност (внатрешен/интраперсонален конфликт) или надворешно, со други луѓе (интерперсонален конфликт). Надворешниот конфликтот се дефинира како дисхармонија меѓу некомпатибилни или спротивставени личности, идеи или интереси. Од друга страна, психолошкиот конфликт е ментална борба, некогаш несвесна, која произлегува од различни претстави за светот и различни потреби на личноста, меѓусебно спротивни.

Внатрешниот конфликт се јавува меѓу различни делови од искуството на човекот и на различни нивоа. Конфликт може да се јави на пример во однесувањето, ако личноста сака да гледа некоја телевизиска програма, но од друга страна сака и да вежба; меѓу различни способности, меѓу креативност и сигурност; меѓу верувањата на личноста; меѓу различни обврски, како на пример семејните и професионални обврски итн.

8 чекори за решавање внартешни конфликти

Др. Jane Bolton – семеен психотерапевт, предлага начини на кои можете успешно да ги решите вашите внатрешни конфликти. Следете ги овие 8 чекори кои таа ги предлага, со кои може да си помогнете за напредок на личниот развој и похармонично живеење. При тоа, важен став во целиот процес е да ги почитувате потребите на различните делови во вашата личност.

  1. Препознајте ги внатрешните конфликти: Знаците кои зборуваат за постоење на внатрешен конфликт се – имобилизација и неактивност (чувство на заглавеност), или постојан внатрешен дијалог пропратен со непријатни чувства.
  2. Запишете го внатрешниот конфликт: Внатрешниот конфликт е всушност конфликт меѓу потребите на различни делови од вашата личност, кои можеби тешко ги препознавате во почетокот. Запишете го целиот дијалог, бидејќи тоа може да ви помогне во идентификувањето на потребите на различните делови од вашата личност.
  3. Направете листа на потребите на различните деловите во себе (во психологијата т.н. подличности): Сите страни треба да ги задоволат потребите за да се врати внатрешниот мир. Дури и оние потреби кои ни се чинат срамни, неприфатливи или слично, се реални потреби кои егзистираат во нашата личност. Основните потреби на „детето“ во нас се – емоционална пријатност, сигурност, стимулација, физички контакт, внимание, одобрување и прифаќање.
  4. Кога потребите се јасно идентификувани, личноста мора да помогне и да им даде поддршка на различните деловите ви себе и нивните потреби (за нивно задоволување): Личноста мора да се откаже од победата на потребите една над друга по секоја цена. Понекогаш тоа е најтешкиот чекор.
  5. Деловите од личноста, заеднички бараат решение за задоволување на различните потреби: Генерирајте колку што можете повеќе идеи (процес наречен „бура на идеи“) за задоволување на сите идентификувани потреби. Направите колони, и направте листа на решенија за задоволување на различните потреби, дури и ако се непрактични или не му помагаат на другиот дел од личноста (спротивната потреба). Може да би биде од помош и препорачливо е да побарате совет и консултација со професионалец (психотерапевт), особено ако внатрешниот конфликт е силен и ви го нарушува секојдневното функционирање и добросостојба.
  6. Деловите на личноста (различните потреби) одбираат решение кое е задоволително за спротивставените страни: Некои од решенијата или комбинација од идеи може да произлезат од претходните чекори. Може да биде решение кое е најдобро за двете страни, или пак решение кое е „од сите зла најмалото“.
  7. Спроведување на избраното решението: Тогаш кога сите спротивставени страни заеднички учествуваат во решението, секој чекор понатаму е полесен.
  8. Различните делови од личноста го евалуираат (оценуваат) решението за неговото функционирање: Дали сите различни потреби и делови од личноста се задоволни со спроведеното решение. Дали може да се подобри нешто? Доколку во иднина се јави истиот проблем, дали би направиле нешто поинаку?


Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.