8 изненадувачки факти за анксиозноста

Анксиозноста ни кажува дали ние сме во опасност или треба да направиме нешто. Нашите анксиозни предци биле оние кои се подготвувале за зимата и ги напаѓале останатите племиња. Релаксираниот потомок никогаш немало да успее да преживее.

Но ефектите на анксиозност не се лимитирани само за мотивација, тие поминуваат во мозокот низ сите негови делови…

8 фасцинантни факти за анкциозноста

1. Анксиозноста навистина ги прави работите да смрдат

Како што луѓето стануваат се повеќе анксиозни, толку повеќе ќе ги обележат природните мириси како лоши мириси. Така што, буквално анксиозноста го прави светот смрдлив.

Професорот Вен Ли објаснува:

„Во обичното мирисање, вообичаено е само системот за мирис во телото да биде зафатен. Но кога некој ќе стане анксиозен, емоционалниот систем станува дел од системот за процесирање на мирисот.“

Како луѓето стануваат поанксиозни, уште повеќе неможат да разликуваат различните миризби.

2. Вежбањето ја намалува анксиозноста

Вообичаено е кога луѓето вежбаат, да не се чувствуваат анксиозно. Само 20 минути вежбање може да ве направат да се чувствувате смирено, обидете се веднаш. Бенефтот од малку вежбање може да се добие и надвор од теретаната.

Една студија открила дека едноставно релаксирањето ја намалува анксиозноста, но тоа не може да ве заштити од идни стресни настани.

Вежбањето од друга страна, изгледа дека има подолготрајни ефекти, помага во редуцирање на анксиозноста кога ќе бидете соочени со некои идни стресни ситуации.Затоа, вежбањето треба да се препишува кога луѓето се во депресија или кога се анксиозни, наместо да се земаат апчиња.

3. Ефектот родител

Како и многу работи, зголемената вознемиреност е главно наследена, но дел од причината зашто анксиозните луѓе се анксиозни е поради однесувањето на нивните родители. Децата поверојатно ќе бидат анксиозни ако нивните родители дирекно ги критикуваат, покажуваат високо ниво на недоверба кон нив и се емоционално студени.

8 фасцинантни факти за анкциозноста

4. Размислувајте поразлично

Еден од најдобрите начини како да ја намалите анксиозноста е да размислувате поразлично: „Ова не е испит, ова е квиз. Не е страшна презентација, едноставно е обичен разговор со колегите. Не е интервју за работа, тоа е шанса за запознавање нови луѓе.“

Многу ситуации може да бидат реорганизирани во нашите глави и луѓето кои го прават ова се чувствуваат многу малку анксиозни и можат многу полесно да се справат во стресните социјални ситуации.

5. Анксиозните луѓе пребрзо носат заклучоци

Високо вознемирените луѓе пребрзо доаѓаат до заклучоци кога судат според изгледот на лицето.

Една студија сугерира дека анксиозните луѓе може да имаат проблем во врската затоа што пребрзо доаѓаат до заклучок базиран на изразот на лицето на партнерот.

Професорот Fraley објаснува:

„Овој вид на донесување на заклучоци може да биде една од причините зашто луѓето кои имаат зголемена анксиозност доживуваат поголеми конфликти во врската. Иронијата овде е дека оваа одлика кај анксиозните луѓе е многу повеќе вистинита отколку што би заклучиле луѓето кои не се анксиозни. Но, бидејќи се пребрзи во донесувањето на заклучокот за емоциите на другите тие имаат тенденција, да не по своја желба влијаат врз одлуката и намерите на другите.“

6. Анксиозноста влијае врз центарот за баланс

Луѓето кои се справуваат со високо ниво на анксиозност, исто така имаат проблем со нивниот баланс. Тие понекогаш се чувствуваат зашеметено без некоја особена причина и се нишаат многу повеќе од нормалните луѓе додека стојат исправено. Ова често започнува уште во детството и бидејќи анксиозноста е многу тешко да се третира кај децата, психолозите се обидуваат да влијаат на проблемот со балансот. Студиите покажале дека третирањето на проблемот со балансот може да помогне за намалување на анксиозноста.

7. Медитацијата ја намалува анксиозноста

Покрај вежбањето и поразличното размислување, тие што чувствуваат анксиозност може да се обидат и со медитација. Една студија покажала дека медитирањето 20 минути на ден може да ја намали анкциозноста за 39%.

8 фасцинантни факти за анкциозноста

8. Анксиозноста го зголемува личниот сигурносен простор

Сите ние имаме невидливо поле околу нас, кое не сакаме да биде нарушено од страна на другите луѓе. Напред т.е. пред лицето просечно кај луѓето е големо во радиус од околу 20 – 40 cm и доколку другите луѓе ни се приближат поблиску без наша дозвола, ни станува непријатно. Но, истражувачите откриле дека лицата кои се анксиозни имаат дури поголем личен простор. Така што, внимавајте да не им се приближувате многу блиску на анксиозните луѓе, бидејќи нивната „сигурносна маргина“ е многу поголема.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.