8 предупредувачки знаци за насилна врска

Семејното насилство е сериозен проблем. Еден од најголемите предизвици во обидот да се намали е тоа што луѓето кои се најблиску до жртвите, често остануваат несвесни дека нешто не е во ред.

8 предупредувачки знаци за насилна врска

Препознајте ги 8-те знаци во односот со партнерот/партнерката пред да биде предоцна

  1. Напнатост: Прекумерен шарм, лаже за да ја прикрие несигурноста, има потреба веднаш да ги придобие вашите пријатели и семејството, прави гестови за кои се чини дека е премногу рано, ве „бомбардира“ со голем број пораки во кратко време, се однесува опсесивно, инсистира веднаш да станете сериозни во врската.
  2. Љубомора: Неразумно реагира на вашето дружите со други луѓе, збеснува кога разговарате со лица од спротивниот пол, постојано ве обвинува за флертување или изневерување, не поднесува да го поминувате времето со пријателите и семејството, или бара да дознае ваши лични, интимни детали од животот.
  3. Контрола: Ви кажува како да ја носите косата, кога да зборувате или што да мислите, се појавува ненајавено во вашиот дом/работа/училиште, ги проверува вашите телефонски повици, пораки, Facebook, претура по вашите работи, ве следи, сексуално ве присилува или прави да се чувствувате лошо во врска со себе.
  4. Изолација: Инсистира само со него/неа да го поминувате времето, прави да се чувствувате психички или емоционално зависни, ве спречува да се гледате со семејството и пријателите, или да одите на училиште или на работа.
  5. Критицизам: Ве нарекува дебела, грда, глупава, или луда, ги исмева вашите верувања, амбиции или пријатели, ви кажува дека тој/таа единствено се грижи за вас, ви го „пере мозокот“ за да се чувствувате безвредно.
  6. Саботажа: Прави да пропуштате да одите на работа, во училиште, на интервјуа, ве тестира или се натпреварува со вас преку започнување расправии, запаѓа во кризи или се разболува, раскинува со вас или ги сокрива вашите клучевите, паричникот, или телефонот, краде од вашите работи.
  7. Вина: Први да се чувствувате виновно и одговорно за неговото/нејзиното однесување, го обвинува светот или вас за неговите/нејзините проблеми, емоционално манипулира, секогаш вели „ти си виновен/на“.
  8. Бес: Прекумерно реагира за мали работи, често ја губи контролата, има насилни испади, често го менува расположението, прекумерно пие или се забавува кога е вознемирен/а, се заканува, покренува расправија, има историја на насилно однесување и прави да се чувствувате исплашено.

Што да сторите доколку сте жртва на семејно насилство или насилство во врска?

Разговарајте со некој близок пријател, член на семејството, или колега во кого имате доверба, побарајте помош и поддршка. Доколку насилството се зголемува и прерасне во физичко или сексуално насилство, побарајте помош од институциите, како полиција, медицинска помош, организации за семејно насилство, или шелтер за жртви на семејно насилство. Доколку сте жртва на насилство и/или злоупотреба не сте сами. Имате право да бидете заштиени! Вие не сте одговорна за насилното однесување! Никој не заслужува да биде жртва на насилство!



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.