AБА Работилница: Дијагнозата Аутизам не значи крај туку само Почеток!

Со големо задоволство Ви најавуваме дека во периодот 14, 15 и 16 Февруари 2018 година, во организација на Здружението за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА Скопје, ќе се одржи работилница за примена на ABA Метода (Applied Behavioral Analysis) под наслов – Дијагнозата Аутизам не значи крај, туку само почеток!  Facebook објава за настанот на следниот линк: Тридневна АБА работилница

Работилницата ќе биде водена од страна на Silke Johnson ABA/VB консултант со 18 годишно работно искуство во давање услуги и едукации од областа на АBA методата и праксата.

На истата ќе имате можност да се стекнете со практични алатки за користење на  АBA терапијата во работа со лица со отстапки во развојот, проблеми во однесувањето и како особено ефикасна во работа со деца и млади со Аутизам.

*Учесниците ќе имаат и посебна МОЖНОСТ, доколку се интересираат, преку натамошни активности, да станат дел од првиот АБА СЕРВИС во Р. Македонија за нудење услуги и консултации на родители и професионалци.

Информации за Обучувачката

Silke Johnson има стекнато едукација за ABA/VB консултант во САД, во времетраење од околу шест години. Повеќе од 18 години нуди услуги на семејства со деца/тинејџери/млади возрасни со аутистичен спектар на нарушувања, како и со други развојни и бихејвиорални нарушувања. Нејзиниот центар „Melody Learning Center“ е лоциран во Германија, нудејќи им услуги на клиентите во домовите, на училиште или во институциите насекаде низ Германија и Швајцарија. Со ова искуство, таа знае да им ги пренесе, на најпластичен начин, основните принципи на ABA/VB на своите слушатели, како и да понуди пренесе увиди во успешното спроведување на овој пристап.

Што е ABA Метода и зошто е толку Ефикасна?

АBA (applied behavioral analysis / применета бихејвиорална анализа) е применета научна гранка која го изучува однесувањето. Ставањето акцент на „Применета“ значи фокусирање на социјално значајните однесувања, односно оние однесувања кои се битно поврзани со квалитетот на живеењето.

АБА терапијата е особено корисна и ефикасна во работа со децата со первазивни развојни нарушувања, Aутизам, АДХД и Аспергер синдром, но оваа метода не е развиена само за работа со деца со развојни отстапки. Кога се применуваат соодветно, принципите на ABA терапијата можат да го извлечат максималниот потенцијал на детето со типичен развој или отстапки во развојот или пак на возрасно лице и нуди силна поддршка во секојдневните активности и социјалниот живот.

Во однос на Аутизмот, AБА интервенциите се научно докажани како најефикасни за развојот на широк спектар на вештини и за намалувањето на несоодветни и ризични типови однесувања, со што им помага на децата да го развијат својот максимален потенцијал. Со АБА интервенциите пред третата година, се постигнува 70% успешност во постигнувањето на целите. АБА терапијата е примарниот третман препорачан од Американската академија за педијатрија.

За дополнителни информации на оваа тема кликнете на следниот – линк

 За кого е наменета оваа работилница?

На работилницата може да земе учество секој оној кој е заинтересиран за стекнување вештини и алатки за работа со оваа ефикасна метода, а е од особена корист за Родители и сите Професионалци (Дефектолози, Психолози, Психијатари, Логопеди, Наставници…) кои работат со лица со отстапки во развојот како и во едукација и реедукација на однесување на деца и млади со типичен развој.

Што ќе стекнете со Вашето учество во работилницата?

На работилницата ќе бидат претставени базичните концепти и принципи на АБА методата со посебно ставање акцент на конкретните интервенции, техники, алатки и вештини и неопходни за успешен третман.

Ќе има многу простор за практични вежби, студии на случаи, видео материјали, лични предизвици во работата, семејството и одговарање на прашања.

Покрај Практичните и Теоретски  знаења и стекнување Сертификат за Учество, учесниците ќе имаат можност, доколку се заинтересирани, да бидат вклучени во формирање на ПРВИОТ Сервис во областа на Аплицираната Бихејвиорална Анализа (АBA) и Вербално Однесување (Verbal Behavior – VB) во Македонија, супервизиски поддржан, кој вклучува:

  • АБА/ВО – консултации за семејства со деца со аутистичен спектар (т.е Аутизам, Аспергер Синдром, Рет Синдром и аутистични тенденции), како и за семејства со деца со други развојни потешкотии или проблеми во однесувањето.
  • АБА/ВО консултации во училишта и предучилшна средина
  • АБА/ВО консултации за Професионалци

*Напомена: СЕРТИФИКАТОТ потврдува УЧЕСТВО на работилница за АБА техники. Со сертификатот учесникот Не се стекнува со статус АБА терапевт, техничар или слично. Целта на работилницата е родителите и професионалците да се стекнат со искуства, знаења, практични интервенции, конкретни алатки и техники кои ќе им помогнат во секојдневното функционирање, професионално и/или лично.

Информации за учество:

Организатор: Здружение за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА Скопје

Датум и место: 14, 15 и 16 Февруари 2018 година во Скопје

Времетраење: По 7 часа во три последователни дена, вкупно 21 час

Пријавувањето на учесниците ќе биде со пополнување на формулар за пријавување (пополнетиот формулар да биде испратен на psihointegra@psihointegra.org а потоа и заемен договор во кој ќе бидат регулирани правата и обврските на организаторот и учесникот.

Јазик на предавањето: Англиски со симултан превод на македонски

Плаќање: Регистрација до 31.12.2017 година – 15.000,00 денари           

                       Регистрација од 01.01.2018 година до 31.01.2018 година – 17.500,00 денари

*Постои можност за уплата на 3 месечни рати, за што ќе добиете подетални информации со Вашата пријва

Во уплатата вклучени се: Котизација за три дневна Работилница во времетраење од 21 часа, работни материјали, оброк, кафе, освежителни пијалаци и закуски

 За информации и пријави ве молиме обратете се на следнава адреса: psihointegra@psihointegra.org или јавете се на 077 909 732 и 078 984 262

 




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *