АДХД: разбирање на состојбата и начини на справување

Хиперактивното нарушување на вниманието (АДХД) или хиперкинетичкото нарушување (ХЦД) е хронично невроразвојно нарушување кое започнува уште во детството, а се карактеризира со знаајно зголемено невнимание и / или хиперактивност-импулсивност, надвор од развојните норми. Амриканската психијатриска асоцијација наведува дека ова нарушување е едно од најчестото меѓу децата, но исто така е присутно и кај возрасната популација.

За жал, кај децата често погрешно се интерпретира како „лошо“ однесување, а го препознаеме најмногу по тешкотијата да  го одржи вниманието на училиште и да се остане долго на столче (спротивно на она што се бара и е услов во процесот на образование). Дури и меѓу врсниците ова може да се јави како фрустрација, па уште повеќе може детето да биде ставено во изолација.

Кај возрасните лица со АДХД, честа појава е менувањето на професии, работни места, партнери/ки, а состојбата негативно влијае и на општата самодоверба, постигнувањата во образованито, како и во семејното и социјалното функционирање. Симптомите на хиперактивност можат да се јават преку постојана потреба за возбуда, стимулација и импулсивно носење одлуки.

Кои се симптомите на АДХД?

Главните симптомите на АДХД вклучуват – невнимание (неможност да се одржи фокус), хиперактивност (претерано движење и моторна активност во ситуации во кои не е неопходно) и импулсивност (непромислени и избрзани посапки што се пројавуваат без размилување и контрола).

Многу од  АДХД симптомите како – висок степен на активност, проблем да се остане мирен подолго време и лимитирани интервали на концентрирано внимание се вообичаено присутни и кај децата со типичен развој. Разликата со лицата кои имаат АДХД се состои во тоа што нивната хиперактивност и невнимание се значително повисоки од степенот кој е очекуван за нивнта возраст и предизвикува нарушувања и проблеми во секојдневното живеење дома, на училиште, на работа и во социјалната средина.

Во контекст на прашањето, значајно е да се наведе и дека постојат постојат повеќе типови на АДХД. Симптомите при дијагностика се бројни, а дел од нив вклучуваат:

Намалено внимание – неможност да се одржи внимание за детали и правење грешки од немарност при вршење работни или училишни задачи, проблем да се одржи внимание на задачи и активности како лекци, разговори и долго читање, изгледа како да не слуша додека му/и се зборува (неприсутност), не следи инструкции и не ги комплетира зададените задачи (брзо го губи фокусот), има проблем да ја организира работата (лошо менаџирање со време, непридржување до временски рокови, неуредна работа), зборува премногу, лесно се дефокусира, заборава дневни задачи како домашни работи и слично, а кај возрсните да врати на телефонски повик, плати сметки, дојде на состанок итн.

Хиперактивност – Тешкотија да се седи на едно место (во училница, во канцеларија), трчање наоколу или качување по предмети, мрдање и тапкање со раце и нозе, неможност да се игра или одмара тивко, проблем да се чека во линија, одговарање пред да се постави прашањето (неможност да се чека луѓето да ги завршат речениците, не можат да чекаат да дојде нивниот ред за зборување во разговор), ги прекинува другите (во во игри и активности, во разговор или почнува да користи работи на другите без дозвола или да го превземат она што веќе го прават другите)

Како се дијагностицира АДХД?

Во праксата, не постои еден единствен тест преку кој се дијагностицира АДХД. Дијагностиката вклучува прибирање на информации од родителите, наставниците, чеклисти, медицинска проценка итн. Во таа насока, постојат прашања кои се дефинирaни за дијaгностички цели, да се утврди дaли детето/лицето имa сaмо нарушување нa недостиг од внимaние, проблем нa контролa нa импулс/хиперaктивност или имa комбинaцијa од двете.

Кој е причинителот за АДХД?

Етиологијата на оваа состојба е недоволно позната, односно науката се уште не идентификувала точни причинители за АДХД. Досега знаеме дека постои генетска основа поврзана со состојбата на АДХД. Други фактори кои се наведуваат во контекст на развој на АДХД се: предвремено раѓање, повреди на мозокот, пушење кај бремени жени, употреба на алкохол, преголем стрес за време на бременоста и други.

Дали постои ефикасен третман за оваа состојба?

Иако не постои лек за АДХД, и децата и возрасните може да научат да се справуваат со симптомите преку медикаменти и психотерапија. Исто така, има случаи каде некои деца низ развојот, по некој период, едноставно ја надминуваат оваа состојба.

Најефикасен крaткотрaен ефект нa симптомите нa хиперaктивност се постигнува со психостимулaнти. Терaпијaтa со психостимулaнти е нaјкориснa кaј децaтa кои стрaдaaт од значајно висока хиперaктивност, чие внимaние не е во позитивна корелација со нивнaтa интелигенцијa, а немaaт пропратни емоционaлни нaрушувaњa.

Психотерапијата за АДХД вообичаено вклучува идентификување на силните и слабите страни, градење на вештини и едукација за начините за намалување на симптомите. Потребата да се работи со терапевт е значајна поради индивидуалниот пристап да се научат вештини кои помагаат за справување со сотојбата, согласно целокупноста и спецификите на личноста и нејзиното живеење. Бихејвиоралната терапија, исто така бележи значајни докзи за ефикасност кога станува збор за третман на оваа состојба. Секако, комбинацијата од различни пристапи кои се докажани, води кон подобри резултати.

Како родителите можат да им помогнат на своите деца кои се справуваат со оваа состојба?

Секое дете бара индивидуален пристап. Дури и во клиничкиот пристап прво се зема предвид личноста, а потоа како таа функионира во рамки на утврдената состојба, а не обратно. Оттаму се планираат и преземаат определени чекори кон развој и подобрување.

This image has an empty alt attribute; its file name is children-2.jpg

Сепак, психолозите предлагаат одредени совети и практики кои се покажале како ефикасни за родителите и децата. Некои од нив вклучуваат:

  • Давање на кратка и јасна листа на правила. Тие правила не треба да се ригидни, неадекватни за возраста и перфекционистички, туку на пример, за пишување домашна, местење на кревет итн.
  • Да се кажуваат пофалби и да се става фокусот примарно на позитивното однесување на детето, секогаш кога тоа го пројавува, наместо само да се критикува погрешното. Така детето повеќе се мотивира да го повтори позитивното однесување.
  • Се предлага и наградување на позитивното однесување (а под позитивно однесување се подразбира сè она што го води детето кон развој и учење на добри практики, а не слепа послушност на сè она што му одговара на родителот).
  • Корисно е, исто така, да се зададe определено време за домашни задачи и активности на секојдневно ниво, штому дава на детето континуитет, простор за подобрување на вештини и продуктивно одминато време.
  • Воспоставувањето на рутина на денот исто така има големо значење за функционирањето на децата со АДХД (во почетокот, при воспоставувањето може да се користи и систем на награди).
  • Позитивните и негативните последици за посакуваното или непосакуваното однесување е пожелно да бидат јасно објаснети однапред и да следат веднаш по однесувањето. Тие не треба да бидат преголеми или премали во споредба со значењето на однесувањето. На пример, несоодветно е детето да биде 2 недели казнето и му е одземен некој омилен предмет поради испуштена домашна задача, или пак да биде наградено со компјутер за извршување на некое секојдневно домашно задолжение.

Потребно е детето да се следи во развојот, а пред воведување на било кои техники, првично треба да се запази емоивната состојба на детето, да се задоволат сите потреби за кои е зависно од родителот, и да му се пружи многу љубов и внимание. Навремената и честата консултацијата со професионалци е исто така многу значајна во целокупниот процес на учење да се живее со состојбата,  но и да се подобрува.  



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.