Ако немате прав аргумент не отпочнувајте расправија

Акција, а не реакција: Штом дојде до разидување во размислувањето, некои луѓе се повлекуваат, а некои се расправаат. Тоа треба да се избегнува, да се воспостави комуникација и да се избегне агресија.

Без добар аргумент нема да добите ниедна расправа туку само ќе се искарате, е заклучокот на 15-тото Европско дебатно училишно првенство во Загреб.

Ако немате прав аргумент не отпочнувајте расправија

Предностите на искуството во добра дебата се големи. Нема професија во која нема да морате нешто да презентирате, при што не е важно само доброто изразување, туку суштината на она што се говори. Подготвувајќи се за дебата, развивате чувство за собирање факти, нивна анализа и синтезаво функционална целина, а во текот на самата дебата се вежба управување со времето и емоциите – тврди Ника Јеласка, претседател на дебатната унија од Загреб.

Развивате критичко мислење и ја тренирате толеранцијата бидејќи често морате да се ставите во туѓа кожа за да можете да застапувате одреден став – додава Јеласка.

Дека дебатирањето од млади денови е корисно, смета и психотерапевтот Здравко Бокулиќ, кој се бави со подучување и советување во работните односи.

Често луѓето веднаш почнуваат да се расправаат бидејќи реагираат импулсивно, на темел на усвоени форми, па тоа не е лесно за спротивставување. Реагираме различно: некој веднаш почнува борба со ставови, а некој се повлекува. Би требало да се избегнуваат и двете – тврди Бокулиќ.

Конфликтите не можеме да ги избегнеме, но треба да градиме комуникација без расправија.

Важно е да се тргне од тоа дека другата страна е добронамерна, па на тој начин да се влезе во разговор бидејќи така полесно ги прифаќаме аргументите на соговорникот и нема да реагираме бурно – тврди Бокулиќ.

Нема прав дијалог без ислушување и спремност вистински да слушнеме и да го уважиме она што ни го говори другата страна за да пронајдеме компромис – тврди комуникологот Марко Валентиќ од агенција за односи со јавност.

Тој додава и дека секој разговор треба да се гледа како прилика да се шират хоризонтите, да ги тестираме своите тези и да ги искористиме туѓите како инспирација и мотив, при штои двете страни добиваат повеќе.

Ако немате прав аргумент не отпочнувајте расправија

Задржете ја смиреноста, агресијата е заразна

Ако се најдеме спроти соговорник кој се служи со агресивно уверување, можно е и ние да се препуштиме во напаѓачкиот стил на комуникација или ќе се повлечеме. Обидете се да останете мирни и инсистирајте на рагзовор без агресија и повишен тон.

Почитувајте го туѓото време

Сетете се како се чувствувате вие кога имате чувство дека некој ви го губи времето. Бидете фокусирани и користете го времето оптимално. После разговорот одвоете време за заклучок, бидејќи сите соговорници би требало да имаат јасна слика за тоа што е договорено.

Ставете проблем или теза во сосем друг контекст

Кога доаѓа до разидување во мислењата, уважете ги аргументите кои ги истакнал соговорникот и свртет го вниманието на друг аспект на проблемот. Со ставањето во различен контекст можеме сликовито да објасниме зошто нешто може или не може да функционира во пракса и со тоа да му помогнеме на соговорникот самостојно да дојде до адекватно знаење.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.