Амбивертна личност

Интересна е популарната поделба на екстровертни и интровертни, што едноставно задолжително ги втурнува луѓето во одреден кош. Најраспространетото значење вели дека екстровертните се личности ориентирани кон акција, претпочитаат честа интеракција и добиваат енергија од потрошеното време со други луѓе, додека интровертните се ориентирани кон размислување, ги претпочитаат повеќе значајните интеракции, а енергијата ја добиваат во поголем дел поминувајќи го времето сами.

Веројатно, многу често во контактите со различни луѓе сме доживеале да бидеме класирани во одредена група. Но, она што поголемиот број луѓе не го знаат, веројатно заради малкуте пишани материјали е значењето на амбивертната личност.

Амбивертните се на спектарот на социјална интеракција помеѓу интровертните и екстровертните. Амбивертните сакаат да го поминуваат времето со луѓе, меѓутоа се изморуваат после подолго потрошено време во друштво. Амбивертните, исто така се одлични во извршувањето на самостојните задачи, но поминувајќи го целиот ден сами, може да ги направи непродуктивни.

Амбивертна личност

Сакаат интеракција со луѓе, но со одредено значење. Можат да бидат екстремно интерактивни, како и весели и медитативни. Амбивертните ќе го одбранат своето лично време како и социјалното време.

Информациите ги процесираат интерно и екстерно. Имаат потреба од сопствено време и простор за да ги обработат мислите, но исто така им требаат луѓе на кои можат да им веруваат и со кои ќе можат да ги споделат информациите. Амбивертните имаат потреба од широчина, но исто така нурнуваат длабоко кога се вистински посветени. Во зависност од ситуацијата, но честопати се и двете.

Поради индивидуалните и социјални способности, амбивертните се прилагодливи и можат да имаат познавање од повеќе области, без да бидат експерти во една одредена област. Се прилагодуваат во секоја ситуација во која се наоѓаат, било да е тоа гласна сцена или изолирана околина.

Како и да е, без разлика дали ќе се идентификувате како екстровертен, интровертен или амбивертен, не дозволувајте одреден тест направен на интернет, да ве дефинира различно од тоа како вие се чувствувате. Прецизното пронаоѓање како најдобро функционирате е многу покорисно од било кој тест.



Психолог, едукант на семејна и системска психотерапија.
Лиценциран од Комора на психолози на РМ.
Претседател и основач на Здружение Психоинтегра.
Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *