Ана Фројд: Биографија и Придонес во психологијата

Ана Фројд е психолог во периодот на раниот дваесетти век. Како најмлада ќерка на Сигмунд Фројд (основач на психоанализата), ја проширила работата на својот татко и станала една од основачите на детската психоанализа.

Ран животен период

Ана Фројд била родена во Винена, на 3ти декември, 1895 година, како најмлада од шесте деца на Сигмунд Фројд и неговата сопруга, Марта. Во текот на нејзиното детство, Ана Фројд била на дистанца од своите браќа и сестри, особено од нејзината сестра Софи, со која се натпреварувала за вниманието на нивниот татко Фројд. Долги години, нејзините родители ја испраќале во кампови за подобрување на здравјето, со цел да ги надмине здравствените проблеми со депресија и хронични нарушувања во исхраната. Ана Фројд не била многу блиска со својата мајка, дури, повеќе и значел односот со нејзината медицинска сестра. Сепак, била блиска со својот познат татко.

Ана Фројд: Биографија и Придонес во психологијата

Професионален развој

Интересот на Ана Фројд за психологијата започнал откако нејзиниот татко почнал да ја анализира во 1918 година. Во 1222 година, Фројд ја презентирал целосната анализа на Виенското Психоаналитичко Друштво во трудот „”The Relation of Beating Fantasies to a Daydream”. По кратко време таа станала член на друштвото и почнала да работи со деца во приватна пракса. По две години и била понудена позиција на едукатор во Виенскиот психоаналитичкиот тренинг институт. Во 1927 година, А. Фројд прифатила позиција во Интернационалната Психоаналитичка Асоцијација како секретарка, и во 1935, станала директорка на Виенскиот психоаналитички тренинг институт. Следната година Фројд ја објавила книгата „Его и Механизми на одбрана“, книга која ја поставила основата на Его – психологијата и ја дефинирало Фројд како иновативен мислител.

Фројд и нејзиното семејство побегнало од Австрија и емигрирало во Англија во 1938 година за време на нацистичката инвазија. Таа основала институција која обезбедувала згрижување и поврзување на најмладите жртви на војната. На крајот, Фројд ги објавила нејзините белешки за тоа како влијае стресот врз децата и за неопходноста од грижа и приврзаност кај децата чии родители се (емоционално или физички) недостапни, во книгата „Нормалност и патологија во детството“. Институтот почнал да дава курсеви во 1947, и била изградена клиника која нуди услуги за деца со психолошки потреби.

Останатиот дел од животот Фројд го поминала во предавање и отпатувала неколку пати во САД. Таму била во професионална посета еден од најреномираните правени факултети и водела курсеви за криминалот и неговото влијание врз семејните односи. Оваа нејзина област на интерес и дала можност да работи со Алберт Солнит и Џозеф Голдстајн, така што тројцата ја презентирале соработката во делото „Beyond the Best Interests of the Child“ во 1973. Ана Фројд починала во 1982 година.

Придонес во психологијата

Фројд открива дека често потребен е различен психолошки третман од возрасните и ја истакнува улогата на раните прекини во приврзаноста кои влијаат врз развојот на психолошките проблеми. Децата кои учествувале во нејзините истражувања имале искуство со напуштање и екстремно занемарување, што лежи во темелите на подоцнежните истражувања на раното поврзување.

Таткото на Ана Фројд го истакнал оралната, аналната, уреталната и фалусната фаза на психосексуалниот развој, но неговата работа била создавана врз основа на спомените од детството на возрасни лица. Низ нејзината работа со деца, Ана Фројд ја зајакнала теоријата на нејзиниот татко, нагласувајќи дека децата се развиваат низ различни фази во развојот. Таа исто така, таа ја истакнува и проширува теоријата на нејзиниот татко за заштитните механизми. Во делото „Его и заштитни механизми“, Ана Фројд наведува многу заштитни механизми, кои сè уште се актуелни и во модерната психологија и психотерапија. Дел од овие заштитни механизми се:

  • Потиснување: Потиснување на непријатни мисли и чувства.
  • Проекција: Препишување на свои мисли и чувства (со непријатна содржина) на некој друг. На пример личност која за себе смета дека е неинтелигентна, постојано зборува за други луѓе дека се глупави.
  • Поместување: Префрлање на негативни чувства на друг субјект. На пример, клиентот може да го помести бесот кон својата мајка врз својата терапевтка.
  • Регресија: Однесување кое е специфично за претходни развојни фази. На пример, млада личност „заборава“ да заврши некоја обврска.

Во својата работа, Ана го револуционизира начинот на кој возрасните гледаат на децата во нејзината прва книга – Вовед во техниките на детската анализа.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *