Аутизам – Предизвик на современото живеење

Здружението Психоинтегра, организира семинар на тема:
Аутизам – Предизвик на современото живеење.

Светската Здравствена Организација вели дека 1 од 160 деца има аутистичен спектар на нарушувања. Оваа проценка претставува просечна бројка која значително варира низ студии. Некои од последните истражувања објавија значително повисоки бројки.

Целта на семинарот е да се презентираат и приближат досегашните научни сознанија, како и да се даде можност за дискусија и добивање одговор на прашањата на сите оние кои се професионално или лично заинтересирани. На семинарот, акцент ќе биде ставен на работата со оваа проблематика во Шведска, изнесена од една од предавачите која таму живее и работи.

Предавачи:
д-р Весна Костиќ – Ивановиќ, дефектолог (Предизвиците во квалитетот на живот кај семејства на лица со аутизам)
Ана Солебо, окупационен терапевт (Интервенции во секојдневните активности кај лица со аутизам спектрум состојба со фокус на помошни когнитивни помагала)
м-р Кристина Лефкова, психолог, психотерапевт (Аутизмот низ призма на психотерапијата)

Аутизам

Семинарот ќе се одржи на ден 26.11.2016 година од 10:00 до 13:00 часот во Салата на Еу Инфо Центарот.
На семинарот можат да земат учество сите родители, студенти или дипломирани од областа на општествени и хуманистички науки, вработени во институции засегнати од оваа тема, како и сите оние кои се заинтересирани.

Котизацијата за пријавувања и уплати од 04.11.2016 до 19.11.2016 изнесува 1.200 денари.
Пријавувањата извршени од 20.11.2016 до 23.11.2016 изнесуваат 1.500 денари.

FB event тука.

Пријавувањата за учество на семинарот можете да ги извршите на e-mail: psihointegra@psihointegra.org.
(Бројот на места е ограничен)
Контакт тел: 077 909 732
*На сите присутни ќе им биде доделен сертификат за учество во семинарот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *