Бебето ги впива звуците, а преку игрите ќе му се збогати и јазикот

Кога ќе се роди детето, од самиот почеток, како новороденче праќа важни сигнали на својата околина. Првата година е битна за развојот на говорно-јазичните способности. Бебето впива бројни податоци од околината, а главната улога во врска со воспоставувањето на комуникацијата има семејството. До три месечна возраст не треба да очекувате дека вашето бебе ќе го повторува тоа што вие го правите. Битно е да воспоставите контакт со очите и да реагирате со насмевката или со гласот.

Бебето ги впива звуците, а преку игрите ќе му се збогати и јазикот

Логопедите велат да пробате да ги изговарате буквите А па Е на глас прво побрзо па поспоро. Потоа да почнете да го бакнувате или едноставно имитирајте ги звуковите што ги испушта вашете бебе.

Во периодот од три до шест месеци бебето реагира на околината и ужива во грижата на своите родители. Ова е период на премин од гуќање во брборење. Бебето реагира на гласот од возрасните и одговараат на гласовите, како да разговараат.

Од шест до девет месеци битно е да воочите кои гласови бебето ги прави со цел да му помогнете преку игри да му се збогатат тие негови гласови. Не зборете тихо и монотоно, менувајте го темпото и мелодијата на говорот. Изговарајте му разни слогови (ма-ма, пи-пи, ла-ла…) пропратени со движење, било да му давате некоја играчка или да се играте со топката. Во оваа возраст се препорачуваат звучни играчки. Последните три месеци од првата година децата веќе знаат неколку збора. Именувајте ги предметите со различна интонација (прашална, извична).

При додавање на топката или некоја друга играчка зборете што правите и потикнувајте ги да размислуваат ( на пример, трчаме по топката, донеси ми ја книгата). Ќе бидете изненаени со која брзина тие учат.

Бебето ги впива звуците, а преку игрите ќе му се збогати и јазикот

Први зборови

Помеѓу 9 и 15 месеци се јавуваат и првите зборови со значење и тогаш детето почнува активно да се служи со говорот.

И пред пораѓањето

Комуникацијата помеѓу мајката и детето почнува уште пред пораѓањето. Детето ги слуша мајчините движења, дишењето, отчукувањето на срцето, а мајката ги чуствува движењата на бебето и разговара со него.

Разговор

После 18 месеци детето почнува да ги составува и првите реченици и нагло да го проширува својот речник со околу 50 нови зборови на месец. На 2,5 години разбира околу 1000 зборови.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.