Бидете искрени со себе

Често ние луѓето се соочуваме (на свесно и несвесно ниво) со погрешно всаденото верување дека за да бидеме сакани, треба да бидеме совршени. Ваквото верување,  не убедува дека, ако ја покажеме својата „несовршеност“ пред другите (и пред себе) ќе бидеме отфрлени, несакани, осамени, посрамени, понижени. Така, почнуваме освен да ги „лажеме“ другите, да се „лажеме“ и себе за тоа каква личност сме, какви мотиви, вредности, ставови… носиме, со цел поголемо прифаќање и самоприфаќање. Др. Cortney Warren’s зборувајќи на оваа тема поттикнува на храброст за живот со поголема свесност. Бидејќи, кога сме искрени за тоа каква личност сме, колку и да е непријатен процесот на соочување со вистината за себе, само на тој начин можеме да постигнеме промена и личен развој…



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.