Боенка за возрасни – Фокус Мандала

Веќе две години, боенките за возрасни претставуваат вистински тренд во светот. Според психотерапевтите, ваквиот позитивен одговор на корисниците на оваа техника се должи на несомнено бројните придобивки како: развој на креативноста, изразувањето, свесноста, вниманието, намалувањето на стресот и анксиозноста и многу други.

На наше задоволство, сега веќе и кај нас може да се сретнат, од домашни автори.

Младиот психолог и гешталт советник – Мито Тасевски е автор на една ваква боенка за возрасни, под наслов „Фокус мандала“, (во издание на „Македонска реч“, која може да ја најдете на саемот на книга на шандот на „НАМПРЕС“).

Инспирацијата и доминантната форма која е земена во оваа боенка е „Мандалата“ (симетрична геометриска форма на кружна основа). Симетријата и насоченоста на илустрациите кон центарот е техника за подорување на фокусот која е стара илјадници години. Редот и хармонијата се обид за борба со хаосот во мислите.

Освен формата, она што ја прави поразлична од другите боенки е и тоа што илустрациите во оваа боенка се доволно детални за да не предизвикаат здодевност или бегање на мислите во фантазијата, што е една од клучните цели на ваквата техника.

Еден од култните психолози, К.Г. Јунг посветил долг временски период од својата кариера за да ги толкува мандалите и да го истакне нивното значење како алатка за увид во несвесното.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.