Цели на психологијата како училишен предмет

Општа цел на психологијата како наставен предмет е оспособување на учениците да ги разберат основните методолошки аспекти на психологијата, како и биопсихолошките, когнитивните, развојните и социокултурните процеси на човековото однесување и своите знаења практично да ги применуваат во запознавањето на себеси и другите во секојдневниот живот и во идната професија.

Цели на психологијата како училишен предмет

Конкретизираните цели на психологијата како наставен предмет се однесуваат на следното:

  • Да го развијат интересот кај учениците за психолошките феномени и да ги сфатат вредностите на психологијата како научна и практична дисциплина;
  • Учениците да се запознаат со основната психолошка терминологија и правилно да ја користат при опишувањето на однесувањето;
  • Да ги согледаат разликите помеѓу сродните поими (осети и перцепции, илузии и халуцинации, осети и чувства, емоции и чувства);
  • Да ги надминат предрасудите за психичките појави;
  • Да научат да ги интерпретираат своите доживувања и искуства во согласност со психолошките научни сознанија;
  • Да ги разберат основните истражувачки приоди што се користат во психологијата и да прават критичка анализа на резултатите од нив;
  • Да ја разберат поврзаноста и меѓусебната зависност на психата и телото;
  • Да го разберат влијанието на наследните и срединските фактори врз развојот и однесувањето на човекот;
  • Да ја разберат комплексноста на однесувањето и менталните процеси;
  • Да водат грижа за менталното здравје, како за своето, така и на другите луѓе;
  • Да применуваат техники за стимулирање на сопствените способности (меморија, интелигенција, креативност, метакогниција) со цел да постигнат личен растеж;
  • Да препознаваат експлицитни манифестации на нормално и патолошко во психичкиот живот;
  • Да го развијат креативното мислење;
  • Да развијат социјални вештини (да умеат да соработуваат со други членови на тимот при изработка на групни проекти)
  • Да ги разберат и применуваат етичките принципи на психологијата;
  • Да ги разберат и почитуваат разликите меѓу луѓето во однос на нивната полова, социоекономска, возрасна, религиска и друга припадност.

 

Извадок од: Методика на настава по психологија – Ѓорѓина Ќимова




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.