Четвртина од луѓето кои се враќаат од одмор се јавуваат на работа да кажат дека се болни

Враќањето од годишниот одмор им паѓа тешко на некои луѓе, па затоа се служат со лаги и манипулации, се со цел да се извлечат од работата, покажува една студија спроведена од страна на британската компанија Travelex. Четвртина од нив барем еднаш се јавиле да кажат дека се болни и не се појавиле на работното место.

Четвртина од луѓето кои што се враќаат од одмор се јавуваат на работа да кажат дека се болни

Оние пак кои се вратиле од оморот веќе почнале да сонуваат за своето наредно патување, додека половина од нив не може да се сконцентрираат и се многу заборавени. Самото нивно расположение како да се уште на одмор им смета на нивните колеги. На тоа се имаат пожалено третина од луѓето кои што биле вклучени во оваа студија.

Пред одење на годишниот одмор мажите најчесто се пакуваат еден ден пред тргнувањето, додека 40 посто од жените тоа го прават една недела порано. Заедничко пак кај двата пола е што по доаѓањето во хотелот тие се препуштаат веднаш на релаксација.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.