Човековото лице има 21 израз, а сите луѓе реагираат еднакво на исти чувства

Лицето на човекот е платно на неговата душа, а емоциите се тие кои управуваат со него. Изразот на лицето ни овозможува да ја откриеме емотивната состојба на другите, а научниците од Универзитетот од Охајо идентификувале вкупно 21 израз. Ги гледале и фотографирале лицата на испитаниците во различни ситуации и заклучиле дека сите реагираат на сличен начин со лицето кога се чувствуваат среќни, тажни или изненадени.

Човековото лие има 21 израз, а сите луѓе реагираат исто на истите чувства

Во моментите на среќа образите се подигаат, устата се шири и очите се отвараат. Кога биле среќно изненадени, ги подигале образите и широко се насмевнувале. Додека пак, ако биле непријатно изненадени, во тој случај лицето од една страна се однесувало зачудено, а од друга како кога би чувствувале лутина.

Водечкиот автор на истражувањето Dr. Aleix Martinez вели:

„Вкупно постои 21 различен израз на лицата кај луѓето, колку повеќе емоции чувствуваат луѓето толку е потешко да се препознае како некој се чувствува. Иако вообичаено се добива впечаток дали тоа што го чувствуваат е лошо или добро.“

Тој исто така додава дека ако подобро научиме како да ги препознаваме изразите кај луѓето, толку повеќе ќе можеме да ги откриеме и лечиме болестите, како што се на пример, аутизмот и PTSP.

Препознавање на емоциите преку лицето:

  1. Среќа
  2. Тага
  3. Страв
  4. Лутина
  5. Изненаденост
  6. Гадење
  7. Згрозување
  8. Среќна изненаденост
  9. Среќна згрозеност
  10. Жален страв
  11. Жалосна лутина
  12. Жалосна изненаденост
  13. Жалосна згрозеност
  14. Исплашена лутина
  15. Исплашена изненаденост
  16. Исплашена згрозеност
  17. Лута изненаденост
  18. Лута загрозеност
  19. Лоша изненаденост
  20. Мрзливост
  21. Восхит



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.