Да кажете „не“ понекогаш е најдобрата работа што можете да ја направите

Задоволувањето на другите, често е резултат на потребата од прифаќањето и љубовта што ја бараме од нив, но тогаш забораваме да бидеме добри спрема самите себе, поради што понекогаш треба да се каже „не“.

Да кажете „не“ понекогаш е најдобрата работа што можете да ја направите

Да кажете „не“ е неопходно

Постојат моменти во животот во кои се чуствувате како да сите околу вас нешто очекуваат и сакаат. Тоа посебно се однесува на оние луѓе кои се склони на задоволување на туѓите потреби, при што се изложуваат на стресни ситуации и се фрустрираат. Треба да знаете дека понекогаш е добро да кажете „не“ и дека тоа може да биде најдобрата работа што можете да си ја направите за самите себе. Треба да си поставите граница до каде можете да ги задоволувате потребите на останатите, а при тоа да не се повредувате самите себе. Тоа се однесува на секоја ситуација во која вашиот инстинкт ви вели дека ваква работа и не сакате да направите.

Нема потреба да го оправдувате вашето „не“

Ако вашиот партнер, близок пријател или некој член од вашето семејство бара да направите нешто што за вас е непријатно, напорно или едноставно одбивно, па дури и да немате некакво посебно објаснување, допуштете си себе да си кажете „не“. Притоа немојте да се оправдувате, туку искрено кажете им дека немате желба и дека доколку го направите тоа ќе се чувствувате лошо.

Земете здив

Ако напорнот работен ден и секојдневните обврски ве доведат до тоа да не можете да си ги слушнете своите мисли, едноставно кажете „не“ на повиците за дружење, без разлика колку другите инсистираат вие да дојдете. Бидете свесни дека ако направите нешто против вашата желба ќе се однесувате негативно и ќе влијаете негативно и врз другите околу вас. Подобро е да си земете еден ден за себе и да се изолирате.

Да кажете „не“ понекогаш е најдобрата работа што можете да ја направите

Научете да кажете „не“

Како би се навикнале да кажувате „не“ почнете со мали работи. Вежбајте го своето „не“ во ситуации кои не се премногу битни или не постои голема веројатност за другата страна да се навреди. Освен тоа психолозите потенцираат дека за да кажете на некој „не“ многу е битно да можете да го прифатите туѓото „не“. Така ќе прифатите и ќе давате „одбивање“ како нормален дел од човечкото однесување, без претерано вознемирување.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.