Да учиме за себе од другите

НВО „Психоинтегра“ во соработка со ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје  креираат заеднички проект со име „ Да учиме за себе од другите“.

Нашата улога во овој проект е да работиме на подобрување на психосоцијалните вештини на учесниците и стекнување на нови знаења.

Цел на работилниците е да се потенцира значењето на менталното здравје на индивидуата и начини за негово подобрување во секојдневниот живот. Подобрувањето на менталното здравје ќе доведе до подобрување на личносните потенцијали и поголема инклузија во социјалната средина.

Проектот се реализира во три фази:

I фаза

Во првата фаза учениците од редовните средни училишта преку работилници поминаa петдневна 20 часовна обука за знаковен јазик водена од страна на толкувач на знаковен јазик заедно учениците со оштетен слух, со акцент на поими од тема здравје.

II фаза

Предавања и работилници за стекнување нови знаења и психосоцијални вештини за здравјето и здравите животни навики за сите ученици од страна на партнерот во проектот,  НВО „ПСИХОИНТЕГРА“.

III фаза

Сите обучени ученици, ќе извршат дисеминација на стекнатите знаења и вештини на останатите ученици.

Овој проект е еден од 40 – те наградени проекти од 15 земји  на годинешниот глобален натпревар на проекти на тема „Секоја личност е значајна. Заедно за социјална инклузија”, кој го организираше ACES (Academy of Central European Schools).




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *