Дали ако постојано сме зафатени ќе сме и посреќни

Во голем дел она што е специфично за модерната цивилизациа се однесува на тоа да ни ја исполни нашата желба да бидеме зафатени со нешто.

Науката, уметноста, филозофијата, технологијата, трговијата и сè останато: не само потребата е „мајка“ на инвентирањето, туку и досадата исто така.

Дали ако постојано сме зафатени ќе сме и посреќни?

Сепак, има определена тензија во нас меѓу нашата желба за активност и желбата за пасивност. Ако ни дадат да бираме меѓу нив, најголема е веројатноста дека ќе останеме во средината – без разлика дали тоа за нас е среќен избор или не – но истовремено ќе прифатиме било што, или ќе оправдаме било што, само за да направиме нешто. И да бидеме искрени, како би оправдале некои работи како што се на пример забележување на возот кога помнал, непотребен шопинг итн.

Оваа тензија е прилично добро објаснета во едно ново истражување. Кога им бил даден избор на испитаниците, тие преферирале да не прават ништо, освен кога им било дадено најмала шанса нешто да направат: едно мало бонбонче. Тогаш тие веднаш оделе во акција.

Не само што на луѓето им е потребна само мало потикнување за да бидат зафатени со нешто, тие исто така биле среќни кога правеле нешто наместо ништо. Тоа е како да разбрале луѓето дека ако се зафатени со нешто, тоа ќе ги држи среќни.

Ум кој што талка

Дали тоа значи дека тајната на среќен живот е да бидеме зафатени? За жал, да се биде само зафатен не е доволно. Тоа е така затоа што нашите умови може да талкаат и кога сме зафатени, и кога не правме ништо.

Ова го знаеме од истражувањето во кое Kilingsworth и Gilbert го сумирале искуството на 2.250 возрасни американци од случајни интервали. Секој пат испитаниците известувале преку нивните паметни телефони како се чуствуваат и што моментално прават. Повеќето од луѓето рекле дека нивните мисли лутаат додека го давале извештајот и тоа 43% од луѓето мислеле на позитивни работи, 27% од луѓето на негативни теми, додека остатокот од нив на неутрални теми.

Дали ако постојано сме зафатени ќе сме и посреќни?

Единственото време кога нивниот ум не талкал е кога имале секс.

Интересната работа е што и двете неутралните теми и непријатните теми, кои што вкупно правеле 57% од  умот кој талка, ги правеле луѓето помалку среќни од активностите што моментално ги правеле, било какви и да биле. И дури и кога размислувале на среќни работи, тие не биле посреќни отколку кога биле целосно посветени на нивната моментална активност.

Kilingsworth и Gilbert заклучуваат:

„… човечкиот ум е ум кој лута и лутачкиот ум е несреќен ум. Способноста да мислите за нешто што не се случува е конгнитивно постигнување кое доаѓа со емоционална цена.“

Ова служи да се поддржи идејата дека да се биде ослободен од мисли е добра работа. Да се внимава на она што се работи е поверојатно дека ќе ве направи посреќни отколку да му дозволите на умот да лута.

Слично на ова, пронаоѓањето на причина да бидеме активни и вклучени во нешто е исто така можно да не направи да се чуствуваме подобро отколку само да седиме, иако нашата тененција оди кон тоа да не правиме ништо. Така што, да се биде зафатен со нешто може да не направи посреќни, само доколку му забраниме на умот да талка наоколу.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.