Дали Анксиозноста и Агресивноста се поврзани?

Анксиозноста главно се поврзува со стравот. Исто така, тоа е состојба која луѓето ретко ја поврзуваат со чувството на лутина и бес. Стереотипот за анксиозноста е дека таа предизвикува срам и борба со чувствата на непријатност да се биде социјален и опкружен со луѓе, и до извесен степен тоа е точно.

Но, кај некои луѓе анксиозноста може да предизвика и агресивен, насилен одговор. Агресијата и насилството можеби не е нешто заедничко за анскиозните лица, но веројатноста сепак постои и може да претствава голем предизвик за надминување на ваквата состојба на лицата кои страдаат од истата.

Како анксиозноста е поврзана со агресијата?

Дали Агресијата е исто што и Анксиозноста?

На најбазично ниво, се чини дека агресијата и анксиозноста не се слични состојби. Дури, истражувачите откриле дека кортизолот (стрес хормонот) може да го инхибира агресивниот одговор, а бидејќи анксиозноста предизвикува стрес, се подразбира дека анксиозните лица во едно би биле и повеќе претпазливи. Сепак, само затоа што не се слични, не значи и дека не се поврзани. Имено, постојат многу причини зошто токму анксиозноста може да води до агресија.

Во нив се вклучени:

  • Борба или бегство одговор (fight of flight)

Анксиозноста е активација на одговорот – да се бори или да се бега. Станува збор за одговор на страв кој треба да не заштити од закана и кој би требало да се јави само во ситуации кога сме соочени со опасност. Додека одговорот борба или бегство не вклучува неопходност за борба, соочувајќи се со опасност, мозокот добива информација за опасност и испраќа информација до телото за подготовка за борба, така што оние кој се склони кон борба (поради генетски предиспозиции или воспитание) чувствуваат поголема лутина и изразуваат поголема агресија.

  • Раздразливост

Слично, оние кои се повеќе склони кон агресија, но се воздржуваат од истото, може да им биде потешко да се воздржат во состојба на анксиозност, бидејќи анксиозноста ја зголемува раздразливоста. Ваквиот тип раздразливост, вообичаено предизвикува луѓето да се затворат (повлечат) или да станат пасивно агресивни, но кај некои луѓе, истата иритација може да ги поттикне да реагираат побрзо и да покажат агресивно однесување.

  • Бес и непријатни емоции

Додека некои научни докази укажуваат дека стрес хормонот кортизол ја намалува агресивноста, самиот стрес е поврзан со зголемување на агресијата. Како што беше наведено, ова има тенденција да се јавува почесто кај лицата со природно агресивни тенденции, но не и нужно. Доколку доживувате анксиозност (дури и поради проблеми на работа или финансиски проблеми), телото може да биде во состојба на грч како резултат на спремност за агресивен одговор.

  • Стероиди

Употребата на стероидите е во пораст и покрај ризичните влијанија. Истражувањата покажуваат дека лицата кои употребуваат вакви средства за подобрување на иведбата, имаат поголема тенденција кон анксиозност и агресија. Анксиозноста во овој случај не ја предизвикува агресијата, но е поврзана со неа.

Анксиозност и страв од специфични тешкотии

Анксиозноста сепак во својот корен е форма на страв, а стравот може да предизвика кај луѓето насилно реагирање. Едно истражувње исто така, покажа дека одредени видови социјална анксиозност може да предизвика агресивен одговор кај мажите во врските. Тие доживуваат еден вид социјално анксиозен страв познат како „страв од негативна евалуација“, но исто така и други видови страв (страв од напуштање итн.) може да предизвика насилен одговор.

Во овој контекст, важно е да се напомене дека и покрај овие причини, агресијата е нешто што треба да се контролира. Тука не станува збор за оправдување на насилството и оние кои се однесуваат насилно не треба да се оправдуваат за нивните реакции бидејќи се анксиозни. Доколку вие почувствувате насилство и агресија како резултат на анксиозност, или поради било која причина, потребно е да побарате помош за своите агресивни тенденции. Исто така, значајно е да се нагласи, бидејќи повеќето научни докази укажуваат дека акнсиозноста е тригер за агресија само кај оние лица кои се склони кон агресија, контролата на вашата анксиозност може да не биде доволна. Како и да е, анксиозноста е нешто што може успешно да се третира и истото треба да претставува приоритет доколку сте агресивни во состојба на анксиозност.

Совети за намалување на анксиозноста и агресивноста

  • Експертите препорачуваат:
  • Повлекување додека не се смирите
  • Да се поттикне проштевањето
  • Останете фокусирани на решението и видете што можете да направите самите

Контролата на бесот е нешто што се учи со време. Сепак, постојат техники кои се исто така од значење за оние кои страдаат од анксиозност. Тие вклучуваат:

Вежбање

Вежбањето се смета за многу ефективно решение за проблемот на агресија, бидејќи вежбањето делува на умот во однос на чувството на среќа и релаксација. Исто така, вежбањето е добро решение и за анксиозноста. Докажано е дека невротрансмитерите и хормоните кои се ослободуваат при вежбање имаат силен ефект врз менталното здравје и ги зајакнуваат способностите за справување.

Вежби за релаксација

Постојат неколку техники за релаксација кои исто така се корисни во состојби на анксиозност и можат да играат улога во контрола на бесот. Вежбите со длабоко дишење се исто така препорачливи, така што и овозможуваат на личноста да воспостави контрола врз себе преку контактот со телото и фокус на дишењето.

Пренасочување на вниманието

Поради фактот дека и анксиозноста и агресивноста имаат тенденција да растат колку што повеќе се размислува за нив, одвлекувањето на вниманието може да играат важна улога во одредено ниво од процесот на третирање. Постојаното посветување вниманието на емоционално здрави активности, контакт со луѓе во состојба на стрес, и трудот од моментот на будење до моментот на одење в кревет  да сте зафатени со интересни нешта, помага мислите да не бегаат надвор од контрола.

Анксиозноста, како и бесот може успешно да се третира. Но, клучот лежи во вас, морате да покажете подготвеност за третман и посветеност во надминувањето на овие проблeми.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *