Дали честите секојдневни нервози се поврзани со појавата на депресија

Доцните на состанок, ви снемало млеко или сте добиле ливче за погрешно паркирање, иритирачко се разбира, но ништо посериозно.

Наместо тоа, ние ги обвинуваме големите настани во нашите животи, како на пример развод, болест и жалоста. И кога гледаме што е тоа што ги носи луѓето на раб на бездната, тоа е токму она на што психолозите истражувачи го посветиле своето внимание.

Дали секојдневните нервози може да ве направат депресивни?

Многумина веруваат дека иако нервозите во секојдневниот живот се мала работа, тие исто така можат да бидат и многу зачестени, така што навистина може да се натрупаат со текот на времето (така наречен „кумулативен ефект“).

Секојдневни стресови

Во едно ново истражување објавено во Psychological Science, биле следени реакциите на луѓето на секојдневните стресни ситуации и потоа било видено како тоа се манифестирало една декада подоцна. Партиципантите биле прашани во врска со дневните стресни ситуации во период од осум дена. Луѓето пријавиле дека имаат најразлични дневни стресни ситуации, како на пример расправија, расипување на фрижидерот, или да се доцни на некој состанок.

Потоа, 10 години подоцна биле прашани дали биле лечени од анксиозност, депресија или имале било каков емоционален проблем во минатата година.

Резултатот покажал дека, како луѓето се справувале со секојдневните грижи и нервози во животот предвидува дали ќе развијат психолошки проблеми една декада подоцна (бројот на партиципанти кои пријавиле некој проблем бил еден од пет).

Едно истражување покажало како справувањето со секојдневните стресови може да ги предвиди идните депресивни симптоми.

Без разлика дали проблемите се големи или мали, најбитно е како ние реагираме на нив. Луѓето кои што имаат тенденција да го вадат најлошото од секоја ситуација, имаат најголема емоционална реакција и на големите и на малите проблеми и нервози.

Ние имаме тенденција да мислиме дека депресијата е резултат на многу големи лоши настани и понекогаш тоа е и точно. Но, некогаш сите тие мали работи кога ќе се соберат заедно може да ве направи да се чувствувате потиштено.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.