Дали депресијата има и позитивна страна?

Депресијата може да биде начин на адаптација при справување со одредени проблеми во животот, како раскин на врска или болест, вели авторот на една нова студија.

Додека клиничката депресија е сериозна ментална состојба, истражувачите тврдат дека со испитувањето на првичната појава на депресијата, можеме да разбереме подобро како да се третира.

Позитивната страна на депресијата

Др. Paul Andrews, водечкиот автор на студијата изјавува за списанието PLOS ONE:

„Долго време на депресијата се гледа како на ништо друго освен проблем.

Се прашуваме дали всушност може да биде природна адаптација која ја употребува мозокот за да се справи со одредени проблеми.

Наоѓаме повеќе докази дека депресијата може да биде неопходна и корисна адаптација за справување со големи, сложени прашања кои се спротивставуваат на лесните и површни разбирања.“

Всушност, луѓето кои се депресивни пројавуваат некои изненадувачки предности во нивните мисловни вештини:

Депресивните луѓе:

  • Подлабоко ги процесираат информациите.
  • Попрецизни се во решавање сложени задачи.
  • Прават подобри судови за детали.
  • Прават попрецизни анализи за трошоци и добивки.

Истражувачите развиле нов прашалник кој мери аналитичко размислување, ментален процес кој се смета дека е заштитен механизам во коренот на депресијата (Barbic, 2014).

Преку аналитичкото размислување луѓето ги преиспитуваат проблемите во својата глава, а притоа ги исклучуваат сите други, обидувајќи се да најдат решение. Тие прво ја испитуваат причината на проблемот, потоа работите кои треба да бидат решени, сите можни решенија, плус и загубата и добивката од секое можно решение.

Симптомите на депресија, од кои често и летаргијата, потешкотиите во спиењето, слабата концентрација и намалениот интерес за другите луѓе и надворешниот свет, можат всушност да бидат начини на заштеда на енергија додека личноста се фокусира на проблемот.

Клиничката депресија може да биде резултат на овој природен процес кој излегол од контрола, предизвикувајќи кај луѓето да се повлечат од светот во јама во која се заглавени.

Skye Barbic, еден од авторите на истражувањето вели:

Врз основа на тоа како луѓето ќе одговорат на нашите прашања, можеме да развиеме соодветно ниво за заштита и поддршка. Овој прашалник, исто така, може да даде сосема поинакви разговори меѓу професионалецот и пациентот.

Наместо да се зборува за болеста како за нешто лошо, професионалецот може да му помогне на пациентот да добие увид за потенцијалните адаптивни цели на неговото размислување и како тоа може да биде од корист за да ги придвижи напред во неговиот живот.“

Zachary Durisko, друг исртражувач во студијата, изјавува:

„Кога работите со луѓе кои се соочуваат со хронични здравствени состојби, депресијата често е ограничувачки фактор за подобрување и постигнување на цел.

Тестот може потенцијално да ни каже кога луѓето се обидуваат да ги идентификуваат своите проблеми, се обидуваат да постават цели, или се обидуваат да одат напред во нивните животи.“



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.