Дали полната месечина може да влијае врз сонот?

Сега веќе постојат научни докази кои ги поврзуваат  појавите на месечевиот циклус и човековото спиење. Ова истражување е објавено во Current Biology од страна на истражувачи од Универзитетот во Базел:

„…(тие) испитувале 33 волонтери во две различни групи според годините, во лабораторија додека тие спиеле. Нивните мозоци биле скенирани додека спиеле, заедно со нивните движења на очите и хормоналните секрети.“

Лошо спиете навечер? Обвинете ја полната месечина

Испитаниците спиеле во строго контролирани услови, без никаков увид за точното време. Тие неможеле да ја видат месечината од местото каде што спиеле и тие не знаеле за што всушност се спроведува истражувањето.

Истражувачите го откриле следното:

Податоците покажуваат дека за време на полна месечина, мозочната активност поврзана со спиењето се намалила за околу 30%. Исто така на испитаниците им требало пет минути повеќе за да заспијат и спиеле за околу 20 минути помалку од вообичаено. Испитаниците кажале дека нивниот сон е лесен за време на испитувањето кога имало полна месечина. Исто така тие покажеле намалени нивоа на мелатонин, хормон кој е познат за регулирање на сонот и будењето.“

Сумирајќи го истражувањето професорот Christian Cajochen изјавил:

„Лунарниот циклус очигледно влијае на човековото спиење, дури и кога некој не ја „гледа“ месечината и не е запознаен со моменталната месечева фаза.“

Фактот дека ова истражување наоѓа поврзаност и покрај тврдењата дека сето тоа е фантазија, навистина е изненадување за научниците.

Многу претходни студии потфрлиле во пронаоѓањето поврзаност помеѓу месечевите фази и човековото спиење. На пример, психијатриски извештаи, самоубиства, повици за помош и епилептични напади не биле поддржани од страна на научните анализи во однос на нивната поврзаност со месечевата фаза.

Така што, како е можно фазите на месечината да влијаат врз нас?

Истражувачите веруваат дека тоа е така, најверојатно затоа што ние имаме месечев часовник во секој од нас кој ги мери циклусите и влијае врз хормоналните нивоа. Ова е како додаток на веќе познатиот деноноќен ритам кој што влијае на многу телесни процеси во текот на денот.

Најверојатно оваа конекција се развила со текот на илјадниците години кога месечевите циклуси биле многу позначајни за нашиот опстанок.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.