Дали сексот ја подобрува меморијата?

Во некои случаи останува мистерија дали вежбањето е добро за мозокот.

Тоа е така бидејќи вежбањето е стресно, а стресот е лошо влијае на вашиот мозок.

Но, покрај оваа констатација вежбањето дава многу бенефити како:

  • ја намалува анксиозноста
  • го подобрува учењето и меморијата
  • го зголемува крвотокот до мозокот и низ целото тело итн.

Но, дали има нешто посебно во врска со стресот кој произлегува од вежбањето или да речеме сексот?

Дали сексот може да ве направи попаметни?

Нови неврони

Токму оваа конекција помеѓу сексот и работењето на мозокот е истражувана во серија на интересни студии.

Во една таква студија спроведена во Принстон Универзитетот на група на млади глувци, на кои им било дозволено да имаат секс, еднаш во период од две недели или секој ден, било откриено следното: глувците кои имале секс секој ден во времетраење од две недели покажале неврогенеза (процес на креирање неврони во мозокот).

Неврогенезата се појавила во делови од хипокампусот, дел од мозокот кој се смета за одговорен во креирањето на меморијата и други значајни свесни функции.

Исто така овие глувци кои биле повеќе сексуално активни покажале помалку анксиозност.

Средновековни глувци

Ова е многу добро за младите глувци, но што е со малку постарите?

Глувците кои што ја губат својата виталност, крзно т.е. стареат.

Дали сексот може да ве направи попаметни?

Кога истата група на научници го повторила истиот експеримент, но овој пат на повозрасните глувци, резултатот бил ист.

Ако постарите глувци имале секс почесто, неврогенезата во хипокампусот била зголемена.

Така што, сепак има надеж и за постарите глувци.

Но за жал овој ефект не продолжил откако постарите глувци ги прекинале секуалните (репродуктивни) односи.

Подобрена меморија и учење

Истражувачите од Принстон не се единствените кои ја истражувале поврзаноста помеѓу сексот и неврогенезата.

Во Јужна Кореа биле спроведувани слични експерименти на глувци, но со тоа што тие отишле еден чекор понапред.

Ако хипокампусот е битен за меморијата и учењето, а сексот овозможува таму да растат неврони, тогаш сигурно сексот би ја подобрил меморијата и учењето.

Со цел да се провери ова тврдење, истражувачите затвориле машки глувци со женски глувци, додека останатите седеле во нивните кафези.

Уште еднаш, сексот се покажал добар за хипокампусот. Но, на глувците им биле дадени и тестови за меморијата и можноста за учење.

Резултатите покажале дека глувците кои имале секс ги извршувале задачите одлично, за разлика од глувците кои немале секс воопшто.

Сексот и мозокот

Можеби овие студии почнуваат да објаснуваат зошто стресните активности, како вежбањето, се исто така многу важни за мозокот: тие го охрабруваат растењето на нови клетки во мозокот.

Така што, не секој стрес е лош. Вистинскиот стрес може да направи чуда дури и кај постарите глувци.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.