Ден против насилството над жените: Секоја трета доживува злоставување

Денот на насилство против жените е 25 Ноември, кој ги освестува сите дека жената и денес во 21 век трпи физичко, економско и сексуално насилство насекаде во светот.

Ден против насилството над жените: Секоја трета доживува злоставување

Во сеќавање на храбрите жени

Меѓународниот ден на насилството против жените по одлука на Обединетите Нации е 25 Ноември, кој е во знак на сеќавање на бруталното убиство на трите сестри Мирабал во Доминиканската Република кое го побарал диктаторот Рафаел Трухиљо. Тие се противеле на неговото владеење и се залагале за феминистичко движење, а нивното убиство станало симбол на женскиот отпор.

Едната од сестрите Мирабал студирала право и откако го одбила додворувањето на диктаторот, тој се потрудил да и го направи животот пекол. Иако и допуштил да заврши факултет, забрането и било да ги полага испитите кои и биле потребни за да отпочне со сопствено адвокатско биро. Сестрите го тужеле и основале движење кое го нарекле „Лептири“. Издавале летоци со кои ги запознавале граѓаните на незаконското владеење и бројните жртви на диктаторот, а во движењето се вклучиле и мажите на трите сестри. Иако очите на меѓународната јавност биле насочени кон случајот, Трухиљо изнајмил платеници кои ги пресретнале сестрите со автомобил, ги убиле и сакале да го прикажат тоа како несреќа.

Факти во врска со злоставувањето

  • Според светските истражувања секоја трета жена доживеала некој вид на насилство врз себе – без разлика дали било физичко, сексуално, економско или семејно насилство.
  • Највеќе застапено е семејното насилство – околу 80% од злоставувачите биле членови на семејството како партнерот, таткото, братот…
  • Жените и мажите кои што растат во семејство каде што има насилство трипати повеќе и самите стануваат жртви или вршат самите насилство подоцна во своите животи.
  • Околу 35% од луѓето (мажи и жени) познаваат барем една жена која била жртва на физичко насилство.
  • Само 5% од луѓето рекле дека ќе се соочат со насилникот ако видат злоставување, 20% од нив би повикале полиција, а останатите 75% од нив не би направиле ништо поконкретно.
  • Само 25% од злоставените жени го пријавуваат физичкото насилство. Семејното насилство врз жените е најзастапеното од сите останати како на пример сообраќајќите, кражбите и силувањето врз жените земено заедно.
  • Секои пет секунди во светот една жена е злоставувана.
  • Веројатноста една млада жена да доживее злоставување во врската на возраст до 25 години изнесува 30% (што вклучува физичко насилство и силување).



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.