Депресија: увиди за состојбата која често погрешно се толкува

Депресивните луѓе во голема мера се чувствуваат беспомошно, безнадежно, недоволно вредни и најчесто сметаат дека нивите животи се надвор од контрола. Лесно може да се препознае и дијагностицира, но потежок е процесот на лечење и справување.

Депресијата е многу комплексна состојба, наспроти мислењата на многу луѓе. Таа е многу повеќе од – само да се „биде тажен“ постојано,  или да се мисли дека животот нема смисла.

Депресија: 10 фасцинантни увиди за една погрешно толкувана состојба

Во текстот подолу следат десет фасцинантни факти во врска со депресијата, кои овозможуваат увид во комплексноста на оваа честа состојба.

1. Без поставување на некои посебни цели

Луѓето кои се депресивни имаат тенденција за претерано генерализирање и апстракција („Мене ми е сеедно, не се грижам…“). Поради тоа депресивните луѓе имаат поголема тенденција за генерализирање на целите отколку луѓето кои не се депресивни. На пример, депресивните луѓе може да си речат на себе си: „Јас сакам да сум среќен“, но ова не дава индикации за тоа како тоа би се постигнало. Луѓето пак, кои не се депресивни,  најчесто имаат специфични цели, како на пример: „Ќе останам во контакт со моето семејство преку телефонирање еднаш неделно.“ Зато овие луѓе се повеќе прецизни и имаат определени цели со поголема веројатност да се исполнат, отколку само да се генерализираат истите.

2. Постојано „талкање со мислите“

Еден битен симптом на депресијата е размислувањето: кога постојано надоаѓаат депресивни мисли во мозокот.

Ние не можеме да им кажеме на депресивните луѓе да престанат да размислуваат со депресивни мисли, ваквиот совет едноставно не вродува плод. Тоа е затоа што третирањето на симптомите на депресија е вооедно и дел поврзан со преземањето на контролата врз нечие внимание.

Еден метод кој може да помогне е соочување со реалноста. Реалноста претставува живеење во сегашноста, наместо да се фокусирате на минатите грешки или пак на грижи поврзани со иднината.

Еден понов преглед на  39 студии поврзани со сегашноста и реалноста покажал дека оваа метода има голема надеж во лекувањето на депресијата.

Депресија: 10 фасцинантни увиди за една погрешно толкувана состојба

3. Учење за реалноста и сегашноста како деца

Откако ваквото учење се покажа одлични резултати во борбата со депресијата, тогаш зошто да не им го представиме на децата?

Едно поново истражување покажало дека учењето поврзано со сегашноста и реалноста на децата во училиште ја намалила веројатноста за појава на депресија кај овие деца. Ако децата успеат да си го контролираат своето внимание уште од мали години, тогаш најверојатно ќе запомнат како се прави тоа и подоцна во нивните животи.

4. Депресијата ја замаглува меморијата

Една од помалку познатите симптоми на депресијата е нејзиниот негативен ефект врз меморијата.

Низ годините, многу студии покажале дека луѓето кои имаат депресија имаат и проблем со декларативната меморија, меморија која е поврзана со специфични факти како имиња или места. Дел од оваа причина може да биде тоа што депресивните луѓе ја губат способноста да прават разлика меѓу слични искуства. Тоа е уште една негативна тенденција на прекумерното генерализирање. Депресијата ги замаглува и другите типови на меморија исто така, вклучувајќи ја способноста да се потсетат на определено значење и да се ориентираат низ определено место.

5. Депресивните личности потешко се потсетуваат на „добрите времиња“

Поради потешкото потсекување на минатите моменти и депримирачкото расположение, многу е потешко депримираните луѓе да се потсетат на добрите моменти од нивните животи.

Една од техниките која може да помогне е техниката која креира „палата на меморијата“. Таа претставува техника која помага во складирањето на среќните моменти од нечиј живот на едно место. Така што, кога ќе дојдат потешки времиња, таа личност ќе може да „патува“ низ тие среќни моменти.

Студијата и инструкциите се објаснети овде: Неверојатната сила од емоционалната „палата на меморијата“.

Ова истражување е во рана фаза, но може да се покаже како многу добра алатка за луѓето кои страдаат од депресија.

Депресија: 10 фасцинантни увиди за една погрешно толкувана состојба

6. Депресивен реализам

Има некои докази кои покажуваат дека депресивните луѓе многу пореално го гледаат светот, отколку недепресивните луѓе. Оваа теорија се нарекува депресивен реализам.

Недепресивните луѓе имаат тенденција да бидат преголеми оптимисти: тие мислат дека ги остваруваат задачите многу подобро отколку што вистински сè и предвидувааат подобри перформанси за иднина отколку што ќе можат да постигнат. Депресивните луѓе за разлика од нив ги гледаат своите дела многу пореалистично.

7. Точно сметање на времето

Едно поново истражување открило дека депресивните луѓе имаат многу поточна перцепција за времето, отколку луѓето кои не се депресивни.

Професорката Диана Корнброт објаснува:

„Резултатот од нашето истражување покажа дека депресивните луѓе многу поточно го сметаат времето, отколку недепресивните луѓе. Ова можеби е така поради тоа што депресивните луѓе се фокусираат на самото време, а многу помалку на работите кои што им се случуваат…“

Точното сметање на времето може и да не биде толку добро за депресијата, но точно покажува како влијанието се алоцира кога луѓето се во депресија и зашто депресивните луѓе секогаш велат дека времето многу бавно поминува.

8. Вежбањето помага кога сте во депресија

Познато е дека вежбањето ве прави да се чувствувате подобро за краток перод, но дали може да ја третира и депресијата на подолго време?

Едена нова студија на едно 26 годишно истражување вели дека вежбањето може да помогне. Студијата сугерира дека не само што вежбањето може да ги направи луѓето да се чувствуваат посреќно во даден момент, но исто така може да спречи идни епизоди на депресија. Затоа не е чудно кога на депресивните луѓе нивнте психолози им препорачуваат да вежбаат.

Депресија: 10 фасцинантни увиди за една погрешно толкувана состојба

9. Поголема чувствителност на физичка болка

Луѓето кои што се депресивни може исто така да почувствуваат повисок степен на физичка болка.

Едно ново истражување покажува  дека депресивните луѓе многу послабо можат да се справат со болката. Водечкиот автор Доктор Верна објаснува:

„Ние откривме дека кога здравите луѓе ќе се почувствуваат тажни со некоја негативна мисла или депресивна музика, нивниот мозок ја процесира болката многу емоционално и истата ја чувствуваат многу непријатно и затоа тие сакаат да ја надминат или заборават. За разлика од нив депресивните луѓе уште повеќе и даваат на значење и така веќе почнуваат да чувствуваат и физичка болка.“

10. Начин на размислување

Голем дел од луѓето сметаат дека депресијата може да биде предизвикана само од некој голем негативен животен настан.

Ова може да биде случај, но депресијата почесто е поврзана со начинот на кој луѓето реагираат на таквите непријатни животни настани, сепак, депресијата исто така може да биде предизвикана и од обични секојдневни настани.

Во една студија, учесниците кои што имале големи емоционални реакции на релативно мали животни настани биле луѓе кои понатаму страдале од симптоми на депресија, десет години подоцна (истражувањето е објаснето овде: Дали честите секојдневни нервози се поврзани со појавата на депресија?).

Важноста на начинот на размислување е многу битен елемент, исто како и гените и околностите во кои се наоѓаме. Начинот на размислување е потенциран како битен со уште едно истражување кои вели дека мислењето што луѓето го имаат за своите проблеми влијае на нивото на депресија која ја чувствуваат.

Водечкиот автор Професор Петар Киндерман, објаснува:

„Ние не можеме да ја смениме семејната историја или нечиј животен настан, но можно е да се обидеме да му помогнеме на некој да го смени начинот на кој што размислува и да го научиме на позитивни мисловни стратегии кои што ќе можат да ги избришат или да го намалат нивното негативно влијание.“

Многу од луѓето кои биле депресивни исто така биле и анксиозни. Видете ги: 8 фасцинантни факти за анксиозноста.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.