Депресијата може да ги погоди и децата од претшколска возраст

Депресијата може да се појави во било која година од животот, дури и кај децата од пред школска возраст. Ако се појави тогаш, голема е веројатноста да се појави повторно во подоцнежното детство.

Депресијата може да ги погоди и децата од пред школска возраст

Истражувачки тим од Универзитетот од Вашингтонг тврди дека колку порано ќе се открие депресијата, толку може и побрзо да се излечи. Децата кои имаат зголемен ризик од депресија, се младите ученици чии мајки патат од депресија. Но, најголем ризик за депресија имале оние деца кај кои им била дијагностицирана депресија во предшколска возраст – без разлика на другите надворешни фактори. Сепак, ризикот од повторно враќање на депресијата се намалувал доколку детето ја имало целосната подршка од својата мајка.

Детсткиот психијатар dr. Joan Luby вели:

„Децата на возраст од три години би требало редовно да се контролираат во врска со депресијата, но тоа понатаму е малку тешко затоа што за толку мали деца нема некој ефикасен третман. Докторите не сакаат да поставуваат дијагнози кои потоа и не можат да ги остварат.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.