Детска амнезија: Моментот кога почнуваме да ги забораваме нашите најрани спомени

Дали можете да се сетите на нешто што ви се случило пред три годишна возраст?

Повеќето од возрасните луѓе неможат да се сетат на многу работи или пак на ништо пред третата година од нивниот живот.

Сигмун Фројд прв пат го употребил терминот „детска амнезија.“

Детска амнезија: Моментот од кога почнуваме да ги забораваме нашите најрани спомени

Но, не било вака секогаш. Сигурно имало период кога сте можеле да се сетите на настаните што ви се случиле пред три годишна возраст.

Едно ново истражување покажува дека детската амнезија настанува околу седмата година.

За ова истражување истражувачите почнале да испитуваат група на деца од три годишна возраст, прашувајќи ги на што се сеќаваат.

Потоа тие биле следени низ годините повторувајќи го истото прашање на 5, 6, 7, 8 и 9 годишна возраст, на што се сеќаваат кога биле помали од три години.

Резултатите покажале дека помеѓу петтата и седмата година децата можеле да се сетат помеѓу 63% и 72% на настаните пред нивната трета година од животот.

Но, помеѓу осмата и деветата година децата можеле да се сетат само на 35% од настаните од тоа време.

Нивните мемории доживеале интересна трансформација.

Помеѓу петтата и шестата година децата можеле да се сетат на повеќе работи, но нивните спомени од тоа време биле нецелосни.

Подоцна како постари и покрај тоа што не се саќавале на многу работи од тоа време, нивните спомени иако биле се помали тие биле поцелосни и подетални.

Психолозите веруваат дека детската амнезија настанува поради тоа што мозокот на таа возраст сé уште учи како да се справи со мемориите на подолг временски период. Делот од мозокот што треба да ја развие оваа способност сé уште треба да се развива.

Експертот за детска меморија професор Patricia Bauer, објаснува:

„Вие треба да научите да користите календар и да ги научите деновите од неделата и временските сезони. Вие треба да дешифрирате информации поврзани со физичката локација на некој настан. И треба да развиете перцепција за себеси и да разберете дека вашата перспектива е различна од другите.“

Кога децата се мали хипокампусот – дел од мозокот битен за меморијата е сé уште во развој. Ова има ефект врз меморијата на начин кој што ги брише старите спомени се со цел да направи место за нови. Ова е важно за дете кое е во фаза на растење, но не е толку важно и за возрасен човек.

Сé додека не ја добиеме способноста да воспоставиме долготрајна меморија, нема да може да создаваме силна слика за нашиот идентитет како индивидуа.

Bauer додава:

„Учењето за тоа како автобиографската меморија се развива е од критична важност за разбирањето на себеси како психички суштества. Потсетувајќи се на тоа кои сте биле во минатото е многу битно за тоа како се гледате денес.“



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.