Дезинтеграција на селфот

Алиенацијата значи отуѓување, сепарација, одвојување или да се биде туѓинец во однос на нешто друго. Како што можеме да зборуваме за  проценс на алиенација на индивидуата од колективот (или други објекти), така во психологијата може да зборуваме и за аленација од себе (психоаналитички –  дезинтеграција на селфот).

Постојат повеќе типови на алиенација кои се исто така поткрепени од културата денес. Не сите типови на алиенација се однесуваат директно на личноста (селфот) на човекот, но сите се значајно поврзани со неа. Тие се:

Алиенација од природата – Сведоци сме на секојдневно информирање и алармирање до кој степен во денешницата напреднавме во загрозувањето на природата и себичното трошење на нејзините ресурси. Дури не е ни потребно многу да се зборува за тоа колкава е отуѓеноста на човекот од природата и кои се последиците од тоа.

Аленација од другите луѓе – Ваквото отуѓување значи помалку контакт, помалку интимност, помалку доверба, губење на чувство за релација. Ова особено води до поголем ризик за развивање на болесити  и состојби како депресија, анксиозност итн.

Алиенција од работата согласно талените и пасијата – Многу луѓе денес работат работа која за нив нема некаква смисла освен задоволување на потреби од најосновно егзистенцијално ниво. Од друга страна, човекот е продуктивно битие во својата суштина. Ние сме создавачи и тоа е една од нашите основни функции како личности.

Кога работиме работа која не е креативна, која не ја рефлектира нашата личност, тоа нé води кон стрес, душевни нарушувања и чувство за бесмислесност. Кога имаме пак, доминантно чувство за бесмислесност, имаме силна потреба да го супституираме тој недостатокот. Тогаш се вртиме кон нешта како – зголемена грижа како изгледаме, што другите луѓе мислат за нас, што чувстуваат, што повеќе да поседуваме и сите останати супститути, кои не можат да ја постигнат својата функција – да надокнадат за недостатокот на смислата. А секако, она што го прави ова општество е продавање што повеќе од потребното продукти кои се на некој начин замена за тој неодстаток на значење. Всушност, економската развиеност на некои култури се базира токму на недостатокт на смисла во нашето живеење..

Алиенација од самите себе – Сите ние како мали деца спонтано сме ги изразувале своите импулси, потреби и емоции. Но, во текот на развојот детето секогаш наидува на рестрикции, реакции на неодобрување или казна од блиските во средината. И тука, не зборуваме за потреба од некаква  утопија на воспитување. Невозможно е детето да расте во идеални услови, но сепак, неопходно е тие да се доволно добри за да може личноста да се развива здраво.

Ние од најраната возраст учиме да не бидеме тоа што сме, во името на конформирање со средината (малото дете не прави разлика меѓу јас и не-јас, а одобрувањето од средината е прашање на преживување, бидејќи е зависно од нив). Преку одговорите од средината, учиме да не ги изразуваме спонтано своите потреби, односно да не бидеме автентични во својата природа и изразување… На пример, детската експресија и потреба за љубов се дочекуваат со одбивање; агресијата со казнување; ранливоста со крутост; радозналоста со неодговарање итн.  На тој начин, аспектите од селфот кои се одбиени, стануваат отфрлени, а подоцна и непрепознаени како дел од селфот.  Особините на селфот како импулс за радозналост, потреба за љубов, капацитет за ранливост, сексуални чувства.. се отуѓени или непрепознаени од страна на селфот.

Но што се случува со овие непризнаети аспекти на нашиот организам – чувствата, потребите и изразувањата, движењата и претставите? Како остануваат скриени и надовор од контакт за личноста? Како селфот делува? Тоа се прашања кои се поставуваат и за чии одговори личноста трага на различни начини, како преку интороспекција, искрено споделување во значајни релации или преку терапсики процес. Не се плашете да се нурнете во нивната потрага. Така, можете да го го збогатите начинот на живеење со оживувањто и продлабочувањето на контактот со себе си, другите и природата.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.