Доброто во врска со стресот: Мозокот е појак, а луѓето стануваат поотпорни

Иако стресот не е здрав, краткорочно гледано кога луѓето се под стрес, тогаш тие може подобро да се сконцентрираат, привремено се појачува имунитетот и исто така нè прави поотпорни во животот.

Доброто во врска со стресот: Мозокот е појак, а луѓето стануваат се поотпорни

Стресот не е секогаш лош

Иако стресот има негативен ефект врз здравјето, повремените стресни ситуации не се толку лоша работа, тврди д-р. Ricgard Shelton од Универзитетот од Алабама. Бидејќи стресот преставува природен одбранбен механизам на телото од опасност, неговата улога е заштитна, а не штетна. Стесот делува лошо врз организмот само ако стане хроничен или ако осетиме дека немаме контрола врз него, но се дотогаш тој може да има позитивни ефекти.

Подобрена функција на мозокот

Потикнувачите на стресот стимулираат производство на неутрофин – хемиска спојка во мозокот која ја зацврстува врската помеѓу невроните. Со тоа, се подобрува продуктивноста и концентрацијата, потврдува Shelton. Така да луѓето во стресните ситуации може да имаат подобрена меморија, лесно да учат и брзо да реагираат.

Ги прави луѓето поотпорни

Во секоја стресна ситуација стресот ги учи луѓето да се носат со проблемите, тешкотиите и немирот. Сето тоа овозможува подобри и поприкладни реакции во иднина, а исто така докажано е и дека стресот ги прави луѓето и психички поотпорни. Пред сè се работи во стекнување на чувство на контрола над своите животи, како и разбирање дека лошото расположение секогаш поминува.

Го зајакнува имунитетот

Додека телото реагира на стресот, тоа всушност се припрема на можноста од повреда или инфекција. Затоа тогаш организмот почнува да лачи повеќе интерлеукини – хемиски споеви од групата на цитокини кои привремено ги поткреваат одбранбените способности на имунитетот.

Доброто во врска со стресот: Мозокот е појак, а луѓето стануваат се поотпорни

Мотивира на успех

Постои и т.н. позитивен стрес, кој настанува како реакција на притисокот на кој сме изложени, а може да резултира со успех или неуспех. Било да е стрес поврзан со полагање на некој испит, покажување на работа или некој спортски натпревар, таквиот стрес е одличен мотиватор кој нè тера да го дадеме најдоброто од самите себе.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.